ШТО ИМ СЕ СЛУЧУВА НА НАШИТЕ ЅВЕЗДИ?! ГИ ФАТИ НЕКОЈ НЕОБИЧЕН, ЧУДЕН ВИРУС – ЕВЕ КАКО СЕ ШИРИ
Тажна, но весела песна
Дали и вие го забележавте ова?
На социјалните мрежи овие денови се шират необични видеа објавени од напите најпознати музички ѕвезди.
Па така меѓу првите вакво видео објави Игор Џамбазов, а веднаш потоа се приклучи и Зуица Лазова заедно со своите деца.
Тие сите пеат исти стихови, на една поприлично певлива и зарасна песна, но во коментарите не откриваа ништо, освен што беа означени момците од нашата позната група „ДНК“.
Принтскрин/ Јутјуб
Овие снимки беа објавени и на нивните страни на социјалните мрежи, со објаснување дека станува збор за „опасен“ вирус.
Па така по Игор Џамбазов и Зуица лазова, истиот вирус ја зафати и Сузана гавазова, Таа, Лара, Жаре бербер, Џамбо Агушев, Андријана Петрушовска. И како што велат дечките од ДНК, вирусот „Ајде, Ајде“ продолжува да ја коси нашата естрада, за да вчера конечно следуваше „откровението“, но и кулминацијата.
Имено, тие најпрво го најавија нивниот нов сингл „Животе брате“, за кој веат дека е многу поразличен од сите претходни нивни песни.
Потоа следуваше и објавата спотот за истиот, а во кој покрај познатото дуо се појавуваат и Наум Петрески и Џамбо Агушев.
Принтскрин/ Јутјуб
Песната веќе стана хит, а како изглед спотот, но и како звучат овие наши музички легенди слушнете во продолжение…
Песна во чест на прерано заминатите пријатели
Инаку, оваа искрена и емотивна балада кој е во сличен стил со нивната претходна песна „Ако утре ме нема“, има тажна посвета.
Имено, истата е посветена на прерано заминатите пријатели на Панчо и ДНК, на две урбани скопски легенди кои неодамна починаа.
Станува збор за бодибилдерот и тренерот Мирко Петровски кој ненадејно почина на 47 годишна возраст, како и за Марјан Михајловски – Маци, еден од предводниците на навивачката група на МЗТ Скопје.
Па во нивно сеќавање, но и во чест на животот, Панч и Андреј од ДНК се убедени дека оваа приказна ќе добре до душата и срцата на нивните бројни обожаватели во нашата земја.
„Животе брате, брате да запееме, еднаш се живее“, валат тие, а според коментарите и бројот на прегледи песната веќе е хит.