Реклама
Вирално

Што е тоа што се гледа на задното седиште од автомобилот со кој Вања беше киднапирана?!

На социјалните мрежи се појави и снимка на која се гледа како двајца луѓе со црни капи го управуваат возилото со кое е киднапирана малата Вања

Реклама

Прво го претепале, а потоа го убиле и закопале – монструозни детали од убиството на фризерот од Велес, како и нова снимка на која се гледа како осомничените го возат неговиот автомобил „ситроен“ кон местото на кое што е убиена младата девојка… 

Порталот „Порталикс“ објави снимки од надзорните камери на кои се гледа „ситроенот“ во кој најверојатно е превезена 14-годишната Вања Ѓпрчевска по грабнувањето и пред да биде убиена.

Како што вели новинарот Фуркан Салиу, на снимката се гледа и кога точно девојката поминала низ селото Бразда, како и точното време кога е запален автомобилот во кој што најверојатно се наоѓала.

Маркетинг

Потсетуваме, целиот Балкан е шокиран од убиството на Вања Ѓорчевска (14) од Скопје, која беше грабната на 27 ноември од влезот во нејзината зграда, околу 7.20 часот, кога тргнала на училиште.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

Таа истиот ден беше и убиена, а нејзиното тело беше пронајдено седум дена подоцна и тоа откако еден од осомничените го призна делото.

За ова злосторство осомничени се пет лица, меѓу кои и нејзиниот татко кој наводно им открил на сторителите кога таа ќе излезе од дома.

Фото: Фејсбук

Како што во неделата соопштија од обвинителството, четворицата осомничени на 22 ноември, откако претходно се договориле, го киднапирале Пане Жежовски од неговиот дом во Велес. Тие влегле кај него, го нападнале, а откако го совладале, го зеле неговиот автомобил и отишле во селото Рудник.

Фото: Фејсбук/ ПорталиX

Панче таму е убиен и закопан, а по неколку дена, истите сторители со овој автомобил одат и ја грабнуваат Вања.

Тие наводно сакале да изнудат пари од нејзината мајка, но според она што го откри обвинителството, тие се испаничиле и решиле да ја убијат.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button