Наши ѕвезди

Што е она што ги поврзува Бред Пит и славната Хурем?

Advertisement

Популарната турска актерка Мерјем Узерли, која се прослави по улогата на султанијата Хурем во „Сулејман Величествениот“ и натаму не престанува да ја интригира јавноста. Актрактивната актерка со германско потекло тогаш се повлече од јавноста и во Берлин ужива со петгодишната ќерка Лара.

Advertisement

Иако улогата на Хурем тешко дека некогаш ќе ја надмине, Мерјем недоамна во интервју се осврна на својата кариера, која сака да ја продолжи во Холивуд. Токму затоа постои и едно поврзување со еден од најпознатите актери во светот, Бред Пит, пишуваат турските таблоиди.

Иако таа неодамна откри дека би прифатила улога и за сладолед, ја одби главната улога во турската сапуница „Раздвоени“. „Не паѓам на големи цифри. Залудно добра плата ако не верувам во проектот“, неодамна изјави таа, што овој потег изгледа и го потврдува тоа. Последните неколку месеци се обидува да им се наметне на холивудските продуценти и на актерите од А-листата, меѓу кои е и Џенифер Лопез. Стана дел од општествено – одговорниот проект кој промовира женски права, а меѓу членовите најистакнат е Бред Пит.

https://www.instagram.com/p/CA3E89JBqYI/?utm_source=ig_embed

Advertisement

Иако можеби почесто ќе го сретнува, Мерјем призна дека не е толку воодушевена од него како личност. Турските таблоиди пишуваат дека му замерува за валканата игра со поранешната сопруга, актерката Анџелина Џоли за старателството врз децата.

Наведуваат и дека рекла дека добро би размислила пред да излезе со него пред камерите. од Бред, кој не се колебаше да изнесе валкани пикантерии од бракот со Анџелина Џоли, многу подраги и се џентлмените.

https://www.instagram.com/p/B9jovgto8zv/?utm_source=ig_embed

Инаку, 36-годишната акерка се прослави по улогата на султаниката Хурем во „Сулејман Величествениот“ која имаше можност да ја гледа и македонската публика. Јавноста посебно се заинтересира кога беше објавено дека актерката ја напушта серијата поради проблеми со депресија.

https://www.instagram.com/p/CAZ6fmEnaBA/

Подоцна се дозна дека Мерјем многу страдала поради прекинот на врската со Кан Атес со кого останала бремена. Турскиот бизнисмен, кога Мерјем му рекла дека е бремена, ја избркал и ја убедувал да направи абортус. Актерката после се одлучи да му се посвети на мајчинството и со петгодишната ќеркичка живее во Германија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button