Реклама
LIFESTYLEВирално

Што ќе ни се случи ако црна мачка ни го пресече патот?

Реклама

Во зависност од времето и настаните низ историјата, црните мачки биле обожавани или мачени на најлош можен начин.

Луѓето им се восхитуваат и се плашат. Веројатно поради нивните необични очи или црно крзно со кое исчезнуваат во мракот. Секако, има нешто посебно за нив, кое со векови ја инспирираше човечката имагинација.

Маркетинг

За црните мачки често се говори дека имаат способноста да го променат обликот и дека личат на ѓаволот, па во скандинавските приказни се вели дека ако црна мачка, ти го пресече патот единственото нешто што ти останува е да се вратиш дома, за да не се фатиш во некое зло.

Меѓутоа, во Ирска се вели дека црната мачка ако му го пресече патот на човекот кој е осветлен од месечина тој ќе го натера да умре од тешка болест. Во Кина пак, за нив се смета дека предизвикуваат беда и болести.

Маркетинг

Во средниот век, се појави верување дека ако во постела ти легне црна мачка тогаш ќе умреш, и ако се појави на нечив погреб брзо ќе умре некој од семејството.

Од друга страна, постојат записи во кои луѓето верувале дека варената црна мачка може да излечи туберкулоза, но никој не се осмелил да ја убие.

 

Меѓутоа, во некои култури, тоа е знак на среќа. Без разлика дали мачката се движи во вашата насока, ова е наводно богатство. Во Шкотска, тие веруваат дека ако црната мачка се појави дома, ова е знак на напредок. Исто така се смета за знак на среќа и во Јапонија.

Па, знаете ли некое суеверие поврзано со црните мачки?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button