Минимализмот и стои неодоливо, а тоа го забележаа и штипјани – погледнете го ова прекрасно издание на нашата позната пејачка
Викторија Лоба без сомнение е една од најдобро облечените дами на нашето естрадно него. Таа секогаш успешно ги комбинира модните парчиња, без разлика дали носи дизајнерски или „хај-стрит“ модели, а тоа можеме да го видиме и од ова нејзино беспрекорно издание.
Имено убавата русокоса пејачка не освои со комбинацијата што ја носеше на својот настап во Штип која е вистински пример за нејзиното префинето чувство за мода. Викторија која најчесто ја гледаме во женствени изданија кои ласкаат на нејзиното тело, овој пат не освои со ова бело издание. Таа носеше бели панталони и бело „оверсајз“ сако, а под нив раскопчана кошула исто така во бела боја.
„Штипјани благодарам на гостопримството! По незаборавниот настап и покрај ниските температури, Вие ми го згреавте срцето ♥️ Уживав со Вас заедно! Батериите ги наполнив со највкусната пастрмајлија, да не ме мислите ? Се гледаме повторно.“ напиша Лоба.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Викторија?