Штипјанец фатен на дело како краде од кружниот тек и си го носи дома?! Народот бара крадецот да биде фатен и казнет (видео)
Е ова е дно…
Штипскиот градоначалник Благојче Бочварски сподели видео во кое се гледа како маж излегува од својот автомобил и краде бетонски коцки од новиот кружен тек што се гради во Штип. Случајни минувачи го забележале како го прави тоа, па го снимиле со мобилен, а градоначалник видеото го објави на својот профил на социјалните мрежи.
„Додека ние работиме на зголемување на безбедноста на граѓаните преку поставување на нов кружен тек, некои го оштетуваат и крадат она што е заедничка сопственост на граѓаните … Срамота!“ напиша Бочварски
Додека ние работиме на зголемување на безбедноста на граѓаните преку поставување на нов кружен тек, некои го оштетуваат и крадат она што е заедничка сопственост на граѓаните …
Срамота!МаркетингPosted by Bocvarski Blagoj on Saturday, May 23, 2020
По ова бројни корисници на социјалните мрежи се јавија со коментари и бараат од надлежните крадецот да биде фатен и казнет. Имаше и такви кои ја пофалија совесната госпоѓа што го наснимала видеото, посебно затоа што застанала на фрекфентна улица, на која се гради, и се ставила во ризик самата, но и детето кое се слуша во видеото, и тоа само за да го сними несовесниот граѓанин.
„Поклон до колена и апел до сите што ќе забележат акви нешто да го сторат истото и снимките нека ги испратат до надлежните“, пишува во коментарите.
„Прво,секоја чест на снимателот(ката)која како совесен граганин го снима разбојникот,кој бесрамно краде и го уништува трудот на ЈП и Општината и парите на граганите.Законот предвидел казни и ваквите случаеви надлежните треба по брза постапка да ги решаваат“, пишува друг корисник во коментарите.
Што мислите вие за ова?