Кралицата Летиција во елегантно летно издание
Шпанското кралско семејство одлучи оваа година да летува во Палма де Мајорка, популарното летувалиште на шпанските кралеви и светскиот џет сет уште од 1838 година. Во друштво на свекрвата, кралицата Софија, и помладите принцези Софија и Леонор, пармот на шпанската кралица Летиција во вечерните часови стана главна атракција низ градските улици откако сите заедно ја изгледаа балетската претстава „Лебедовото езеро“ во главниот град Мајорка.
Од нејзиното издание можеме да заклучиме дека кралицата и кога е на одмор не остава ништо на случајноста, а плисираниот фустан со црно-бели линии и тенки прерамки посебно ласкаше на нејзиното убаво и исончано тело.
Во прашање е креација од славната венецуелска дизајнерка Каролина Херера која кралицата го комбинираше со паметно избрани модни додатоци – минијатурна плико чанта и подеднакво интересни чевли со отворена пета и „ПВЦ“ детаљ, а со потписот на „Manolo Blahnik“.