Убавата шпанска кралица Летиција по кој знае кој пат ни покажа дека и поприлично евтините парчиња можат да изгледаат гламурозно и неодоливо.
Имено, кралицата носеше плисирано здолниште со змиски дезен кој веќе неколку пати го носела и изгледаше сензационално.
Таа како и Кејт Мидлтон ваквото модни рециклирање на облека, односно на носење на исто парче повеќе пати, го донесе до совршенство. Тие иако живеат во раскошни палати, своите модни комбинации не ретко ги повторуваат, и тоа секогаш беспрекорно и во потполно ново светло.
Во прашање е парче од модниот бренд Зара која за жал повеќе не може да се најде бидејќи е од старите колекции.
Таа целото издание го заокружи со високи чизми, а што се однесува до цената на здолништето – убавата кралица за него потроши нешто под 900 денари. Па ако земеме во предвид дека за некои накои познати дами од Балканот шопингот во продавниците како Зара и Манго е наменет само за „обичните смртнички“, нека ова им биде пример како се покажува љубов кон татковината и некогаш нека се прошетаат во нешто со потпис на некој наш дизајнер или бренд.
Кога можат кралиците Кејт Мидлтон и Летиција, кои живеат во раскошни палати, редовно да ги повторуваат своите комбинации, без разлика дали доаѓаат од луксузните модни куќи или од „хај-стрит“ брендовите, тогаш зошто да не можат и нашите познати дами, нели?