Шоkантна новост: Запрено тестирањето на вакцината против корона, учесник добил „необјаснета болест“
Финалното клиничко испитување на вакцината против коронавирус која ја разви Универзитетот Оксфорд и компанијата Астразенека е запрено откако еден од учесниците во тестирањето имал лоша реакција.
Компанијата АстраЗенека го опиша запирањето на тестирањето како вообичаена пауза во случај на „необјаснета болест“. Како што се наведува, таа вакцина се смета како една од подобрите меѓу вакцините кои се развиваат ширум светот.
Портпаролот на Универзитетот Оксфорд изјави дека при големите тестирањата се случуваат влошувања, кои мора да се набљудуваат внимателно.
Како што се наведува, ова е втор пат тестирањето на таа вакцина да биде одложено и се претпоставува дека тестирањето ќе продолжи за неколку дена.
Истражувачите од Оксфорд во соработка со фармацевтската компанија АстраЗенека во мај и јуни први во светот започнаа трета фаза на студијата.
Во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил требаше да биде испитана на неколку илјади доброволци колкава е ефикасноста на имунизирачкото средство.
Тие планираа уште една дополнителна студија со околу 30.000 испитаници во САД и други земји.
„Се надеваме дека наесен ќе имаме резултати од големите студии”, изјави портпаролката на АстраЗенека во таа прилика.