Шок признание на Тара Симов во шоуто на Стефан Лазаров – постојано ја МАТРЕТИРАЛЕ, ја кубеле за косата, и ги краделе парите…
Тара Симов во шоуто на Стефан Лазаров откри како била жртва на булинг од страна на своите врсници…
Таа најпрво била запишана во приватно училиште, а кога ја префрлиле во државно, нејзиниот живот се претворил во пекол
Како што Тара вели во шоуто, таа самата побарала од нејзината мајка да ја запише во државно училиште. Но никој не очекувал дека таму ќе ги доживее најлошите и најболните моменти од својот живот, а како што самата вели, тоа никој од педагозите и учителите не го ни забележал.
Така ме малтретираа година и пол дена и тоа никој не го виде, ни психолог ни педагогот, вели таа.
Како што опишува самата во видеото, нејзините врсници и ги краделе парите што ги добивала за џепарлак од својата мајка.
Тара не сакала да се пожали дома, а како што вели сега, тоа е нивна работа, да видат дали детето е малтретирано, анксиозно и депресивно. Но, за жал, во тие моменти немало никој да разговара со неа, да ја посоветува.
Таа како дете најмногу патела што немала вистински другари. Во петто одделение ја натерала својата мајка да ја испише од приватното училиште и да ја запише во државно, каде доживеала вистински булинг од врсниците.
„Постојано ме искористуваа, ме малтретираа, ми ја кубеа косата, ме навредуваа. Ми ги крадеа парите, телефоните“, вели таа.
Целото нејзино интервју во шоуто на Лазаров може да го погледнете во продолжение…