Реклама
Наши ѕвезди

Шок! Мустафа направи хаос поради нејзиниот љубовник – Емина цело време се гледала во тајност со турскиот милијардер

Реклама

Познатата пејачка и турскиот милијардер се смириле и тоа пред неколку месеци, но тоа го криеја од јавноста.

Но и покрај тоа што нивната романса ја криеја како змијата нозете, сепак тоа не можеа да го сокријат од нејзините деца кои тоа му го кажале на својот татко, кој како што пишуваат турските медиуми, полудел од љубомора.

Маркетинг

Имено, како што соопштил извор близок до парот Емина и Садетин откако се разделија во февруари оваа година, многу брзо повторно се помирија, но за тоа знаеја само малкумина. Тие набргу сфатиле дека не можат еден без друг, но решија да не ја повторат истата грешка и како што пренесува српскиот Ало, романсата цело време ја криеле во тајност.

Но по пет месеци гледање во тајност, пејачката решила да ја прекине агонијата, и тоа најмногу поради својот поранешен сопруг Мустафа Сандал кој почнал да и прави проблеми со децата поради нејзината љубов.

Маркетинг

Имено, како што открива изворот за Ало, Мустафа пред месец дена направил вистински хаос кога дознал дека Емина секаде ги носи децата со Садетин.

Инаку, Емина информацијата дека се смирила со милијардерот ја потврди за емисијата „Ексклузивно“, а медиумите од свои извори дојдоа до сознание дека нивната романса била обновена уште пред пет месеци.

Мустафа на почетокот не сакал да ја коментира врската измеѓу Емина и милионерот, но почнало да му пречи тоа кога Јавуз и Јаман постојано зборувале за него. Тие му кажале дека тој одлично се однесува со нив и дека обожаваат да одат на неговата јахта со нивната мајка. Мустафа тогаш полудел и не сакал на Емина да и ги врати децата таа вечер. Не и се јавувал на телефонот кога му ѕвонела за да ги земе децата и тогаш настанал хаос. Малку фалело пејачката да се јави во полиција, бидејќи не можела да поверува дека Мустафа би сакал да и ги одземе децата заради врската со Садетин.

Мустафа сепак на крајот се вразумил и ги вратил децата, но под услов само во ретки пригоди да ги носи Јавуз и Јаман кога се гледа со своето момче. Емина му ветила дека ќе се обиде децата да не минуваа многу време со Саран, и токму поради скандалот што и се случил со поранешниот сопруг, реши нивната врска да не ја крие повеќе и ја обелодени.

Таа исто така неодамна се пресели во европскиот дел од Турција за да биде поблиску до својот партнер, а во медиумите се пишуваше дека тоа го прави за децата да живеат во близина на својот вистински татко.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button