Шок – Марија Шерифовиќ реши да го прекине договорот со Гранд ПРОДУКЦИЈА? Ова е нешто што нема да го заборави?!
И тоа се’ заради само една причина
По скандалот во емисијата „Ѕвездите на Гранд“ и бруталните навреди на сметка на Марија Шерифовиќ, таа наводно му кажала на Саша Поповиќ дека ќе го раскине договорот и дека од наредната сезона нема да биде дел од жирито во музичкиот натпревар, доколку тој не и се извини.
„Саша знае да направи шоу, тој е доктор за гледаност, знае точно кога треба кого да буцне, но некогаш и претерува. Марија се навреди, смета дека не е убаво пред милионскиот аудиториум да ја прозива на сметка на се**уалноста, всушност таа не е маж туку жена“, изјави извор за „Свет“ близок до пејачката.
Целата драма настана откако Саша Поповиќ јавно кажа дека на Марија не и даваат цвеќиња.
„Марија е машко, нејзе не и требаат“ – додаде Поповиќ додека делеа рози, а таа не можеше да не возврати.
„Не с**и Поповиќ“, му дофрли, го зеде цвеќето и повторно му се обрати со зборовите: „Поповиќ, ти си ѓубре и невоспитан човек“.
Иако во жирито сите мислеа дека во прашање е шега, драмата продолжила и по снимањето на емисијата. Но оние што биле присутни виделе дека „ѓаволот ја однел шегата“ кога Шерифовиќ реши да го напушти студиото и се закани дека нема да зборува со него додека не и се извини пред сите.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ