Реклама
Вирално

Шок изјава на Доналд Трамп: „Ќе биде добрo ако бројот на починатите го задржиме под 100.000“

Реклама

Од луѓето се бара ако можат да работат од дома и да избегнуваат ресторани, барови и патувања, но и шопинг кој не е од витално значење.

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја прошири препораката за социјално дистанцирање низ целата земја на 30 дена, односно до крајот на април. Toj оваа мерка ја донесе откако експертите предупредуваа на опасност од ширење на корона вирусот и дека врвот на дневната бројка на смртни случаи може да биде достигнат за две недели.

Маркетинг

Милиони Американци ќе бидат заразени со коронавирус и би можеле да умрат помеѓу 100.000 и 200.000 луѓе во Соединетите држави, изјави порано Ентони Фаучи, водечки епидемиолог во САД, а на вчерашната конференција Трамп изјави дека доколку бројот на загинати би бил помалку од 100.000, тоа би значело дека „направиле добра работа“.

Трамп, кој планираше да ги намали препораките барем во оние делови од земјата кои се помалку погодени од пандемијата, реши да ги продолжи мерките, а со тоа премолчено призна дека беше премногу оптимист.

Маркетинг

Овие препораки важат и за Велигден, кој во Америка се слави на 12 април, до кога Трамп се надева дека земјата и нејзината економија повторно ќе продолжат со полна сила.

Многу држави и локални власти воспоставија строги контроли врз движењата и собирите на граѓаните. Препораките на сојузно ниво се однесуваат за собирање на поголеми групи, а на постарите лица или на оние со постоечки здравствени проблеми им се советува да останат дома.

Од луѓето е побарано да работат од дома и да избегнуваат ресторани, барови, патувања и шопинг.

Во САД досега се потврдени повеќе од 137.000 случаи на вирусна корона, а повеќе од 2.400 починале.

Нови заразени полицајци во Македонија

Двајца полицајци од станицата Петровец заразени со корона вирусот, 14 нивни колеги во изолација

Двајца полицајци од сообраќајната полиција се заразени од корона вирусот, од станицата во Петровец, дознава неофицијално “Фокус” од доброупатени извори.

Покрај двајцата заболени, кои се ставени во изолација, уште 14 нивни колеги се во изолација, бидејќи имале контакт со заболените. Тие допрва ќе бидат тестирани.

Нови места за тестирање

Од денеска Поликлиниката Чаир, а до крајот на неделава и „Млин Балкан“ ќе врши тестирања за Ковид 19

Тестирање за коронавирусот од денеска во Скопје ќе се врши во Поликлиника Чаир, а до крајот на неделава и во Поликлиниката „Млин Балкан“. Уште два пункта ќе се отворат во другите градови во државата.

Системот на закажување во новите пунктови, кои се надополнување на сегашните 14, ќе остане по принципот на пријавување преку матичните лекари.

Министерот за здравство Ванко Филипче вчера на прес-конференција соопшти дека Комисијата од Министерството, го завршила увидот во сите, освен една приватна институција, односно, во двете приватни болници „Жан Митрев“ и „Систина“, во лабораторијата „Авицена“, а во текот на утрешниот ден и во лабораторијата „Биотек“.

Според него, за искористување и на тие капацитети, во Фондот веќе работат на пронаоѓање модел на соработка.

Согласно мислењата на епидемиолозите, појасни министерот, ќе се зголеми бројот на потребните тестирања. „Системот за мобилни тестирања е подготвен и тој ќе почне да се применува следните денови со Скопје“, нагласи Филипче.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button