Реклама
Вирално

Шок видео од Охридското Езеро: Лебед нападна човек, ТУРИСТИТЕ ГЛЕДААТ И СЕ ЧУДАТ ШТО СЕ СЛУЧУВА

Необично видео исплива деновиве на социјалните мрежи

Реклама

На социјалните мрежи деновиве се појави видео што ги „шокираше“ корисниците на социјалните мрежи.

Станува збор за видео снимено во Струга, а кое пред неколку дена беше објавено на фејсбук страницата „Струга пост“

Во видеото еден маж плива во близина на лебед, кој откако ќе се почувствува загрозено, реши да го нападне со крилјата.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Струга пост

Мажот изненаден од она што му се случува, почна да плива за да избега од лебедот, кој уште неколку пати го удри со крилјата.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Струга пост

Видеото е снимено од еден ресторан во близина на местото и се гледа тиркизната вода на преубавото Охридско Езеро.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Струга пост

Под видеото следуваа бројни коментари од страна на корисниците на социјалните мрежи и сите го критикуваа човекот.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Струга пост

„Негов терен. Мора да ја почитуваш и неговата територија“, „Го брка од своја територија“, „Како не го распартали па да не му текне уште еднаш да влезе и да го закача лебедот кој само си ја брани територијата“, „Љубов на прв поглед“, беа само некои од коментарите на корисниците што можат да се прочитаат под видеото на Фејсбук.

Целото видео погледнете го на крајот од галеријата…

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Струга пост

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Струга пост

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button