Реклама
Вирално

Шок – Боки 13 во судницата се појави облечен како Тито?!

Реклама

Целиот процес за него претставува театарска претстава – oбвинителката ја спореди со госпоѓа министерка од „Сомнително лице“

Боки 13 на почетокот на неговите заврши зборови во случајот „Рекет“, каде е обвинет за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, изјави:

Маркетинг

Не се плашам дека ќе ме ‘caмoyбиjaт’ во кофа ако ја отворам пандонираната кутија, чукна часот, алудирајќи на информациите што ги има во врска со случајот.

Како што пренесува порталот „360 степени“, тој целиот случај го нарече театар од кој и Бранислав Нушиќ би можел да црпи инспирација.

Маркетинг

Тој го нарече овој предмет театар од кој српскиот комедиограф и сатиричар Бранислав Нушиќ би црпел инспирација.

„Да беше жив Бранислав Нушиќ можеше слободно да ги замени неговите дела, “Госпоѓа министерка” со “Госпоѓа обвинителка”, “Сомнително лице” со “Сомнителен сведок”, а “Ожалестено семејство” со “Ожалостена држава”.

„Зошто? Затоа што сите сме сведоци на еден театар во судницата за оваа постапка”, рече Боки 13.

Го спомена и Зоран Милески – Кичеец нагласувајќи дека е оперативец и агент провокатор, па им забележа на судовите како можеле да го пушти во домашен притвор, а потоа и на слобода, а по него да го држат во притвор речиси 11 месеци. Боки на судскиот совет му покажа и фотографии тврдејќи дека се од вчера, а на кои се гледа Кичеец.

„Шара и хара низ Скопје со својата параполиција и седи со директори, а мене што стојам во бело облечен тука како Тито ме држите во притвор”, додаде Боки 13.

Инаку, обвинителката, Вилма Русковска, која го води случајот „Рекет“, којшто е поблиску до пресуда, по завршните зборови во судница пред неколку дена самоуверено изјави дека со обвинението ги докажала кривичните дела за кои се гонат Бојан Јовановски и поранешната Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева.

За новата снимка која ја презентираше денеска, а не е дел од доказите рече дека сакала да ја увери јавноста дека не се точни тврдењата на Јовановски дека парите биле вратени кај бизнисменот Орце Камчев. Откако ја зеле торбата со пари „Луј Витон“, следниот ден Кичеец и Јовановски биле кај Камчев, но носеле друга помала, црна торба.

-Обвинетиот Бојан Јовановски во својата одбрана наведе дека сега веќе осудениот Зоран Милевски Кичеец на 21 или 22 февруари торбата Луј Витон ја враќа во куќата на сведокот Јордан Камчев. Оваа фотографија ја прикажавме со цел да ѝ докажеме на јавноста дека тоа не е точно. Тие заедно доаѓаат во куќата на Јордан Камчев и сега осудениот Зоран Милевски Кичеец носи ташна, но црна, со големи рачки која и по изглед и по големина многу се разликува од торбата „Луј Витон“, рече Русковска. По прегледувањето на снимките утврдиле дека следните два денови, ниту Милевски, ниту Јовановски не отишле во куќата на Камчев.

ФОТО: 360 степени

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button