Реклама
Наши ѕвезди

Шокантни објави на Бака Прасе и Јелена Карлеуша – и контроверзниот Боки со жешка порака за нив

Бака Прасе ја покани да дојде кај него, а Карлеуша му порача дека потоа ќе мора да го...

Реклама

Познатиот српски јутубер повторно во центарот на вниманието, а овој пат го спомна и Бојан Јовановски, попознат како Боки 13.

Богдан Илиќ кој важи за еден од најпознатите јутубери во регионот, а кој е познат под името Бака Прасе, се сретна со Јелена Карлеуша.

Тој сакаше да закаже „лајв“ со балканската поп-дива, па решија да се сретнат во еден ресторан и да се договорат околу деталите.

Маркетинг

Инстаграм/ Бака Прасе

Тие се појавија на заедничка вечера, а Бака Прасе во шега објави едно „стори“ на Инстаграм и го спомена и Боки 13.

Маркетинг

Имено, тој направи селфи додека во позадината се гледа жена со руса коса, а преку анкета им постави прашање на фановите:

„Кој ме носеше на вечера: Боки 13, Јелена Карлеуша или Здравко Чолиќ“, напиша јутуберот на својот профил на Инстаграм.

Инстаграм/ Бака Прасе

Оваа негова објава предизвика големо внимание, а истата веднаш ја коментираше и Боки 13 кој на Бака му го порача следново:

„Со Карлеуша на ручек, а јас те водам на друго место“, напиша Боки реобјавувајќи ја фотографијата што ја сподели Бака.

Инстаграм/ Боки 13

Бака Прасе потоа сподели и една фотографија од теретана, а во пораката напиша провокативен коментар:

„Она кога цел ден мирисам на Карлеуша“.

Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Потсетуваме, Јелена Карлеуша најави дека ќе биде гостинка во поткастот кај Бака Прасе, а се очекува да ги срушат сите рекорди.

Инаку, Карлеуша неодамна доби гласовна порака од Бака во која тој ја покани да му биде гостинка, а таа му одговори во свој стил.

Инстаграм/ Бака Прасе

Имено, пејачката му порача дека долго време го чекале да ја покани, но во исто време му кажа и дека потоа ќе мора да го е*е, бидејќи тоа така оди кога се постари тетки во прашање, се пошегува Карлеуша на свој начин во пораката што му ја испрати на Бака.

Инстаграм/ Јелена Карлеуша

По овие објави следуваа бројни коментари од фановите кои беа воодушевени од шмекерскиот одговор на Јелена Карлеуша.

Ау, ЈК царица! Те реши! Јелена лик, секоја чест!, беа само некои од коментарите од нивните следбеници на социјалните мрежи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button