Шоkантна животна приказна на француската актерка: Својата бременост и раѓањето на синот ја сметаше за најголема казна
Во своите дваесетти и триестти години таа не се срамеше да го покаже своето голо тело, а ги оставеше без здив мажите, а на некои од нив им успеа и да станат нејзини сопружници. Се забавуваше, раскинуваше, се мажеше и се разведуваше, без да води сметка за гласините, а од некој кој својата бременост ја поистовети со болест, стана страстен борец за права на животните.
Иако влезе во деветтата деценија, остана доследна на себе и во широк круг ги заобиколува пластичните хирурзи и третманите со ботокс и гордо ги покажува своите брчки.
Се до појавата на актерката Брижит Бардо на големото платно, холивудската продукција од висина гледаше на европската кинематографија. Ниту една жена не им беше доволно интересна, гламурозна и сексепилна за да го сврти вниманието на главните во седмата уметност. Заносна, русокоса, со правилни црти на лицето, полни усни и со пеги на носот ја залуде целата планета. Конзервативното воспитување не ја спречи во раната младост да се однесува како либерал, ниту пак староста да ја дочека како конзервативец.
Вистински пример за изреката „Животот пишува романи“ е Брижит Бардо. Таа имаше само 17 години кога сакаше да се омажи за Роже Вадим. Родителите, меѓутоа и забрануваа, а таа од инат кон нив, се обиде да се самоубие. Бидејќи не успеа во тоа, родителите попуштија и и дозволија да се омажи. Сепак, тој брак траеше само 5 години. Се разделија зошто и двајцата мамеа во врската.
Брижит Бардо дебитираше на филм во 1952 година, во филмот Луда од љубов. Првата голема улога ја играше во „La Lumiere d’en Face“ во 1956 година, а нејзиниот ангажман во „En Effeuillant la Marguerite“ следната година и обезбеди статус на секс симбол.
Благодарение на Вадим, таа доби улога што и донесе светска слава и милиони заработка и тоа во филмот „И Бог создаде жена“. Ова достигнување целосно го смени претходниот поим за секс во седмата уметност, особено по легендарната сцена во која Брижит игра боса на масата. Благодарение на нејзините први улоги, оваа згодна Французинка застана рамо до рамо со американскиот секс симбол Мерилин Монро.
Во исто време, благодарение на улогите во кои доминира нејзиниот сексапил, се зголеми интересот на холивудските филмски продуценти за достигнувањата на европското кино.
Само две години по разводот, таа склучи нов брак. Сопругот беше актер Жак Шариер. Тој беше мажот што ја натера да размисли во насока на создавање семејство. Така се роди нејзиниот син Николас и тоа дете, како што еднаш изјави и самата, никогаш не го сакала и немала речиси никаква врска со него. Таа исто така истакна дека бременоста е најлошото нешто што и се случило во животот.
Неколку пати детето кое го носела во стомакот го нарекувала малиген тумор и “дека подобро би било да роди куче отколку дете“.
Осум месеци по породувањето, на својот 26. роденден се обидела да си го одземе животот. Причина бил лошиот брачен живот со Шариер. Тогаш дополнително доаѓа во центарот на медиумскиот интерес. Николас поради сето тоа растел покрај својот татко зошто судот така одлучил.
По вториот развод, таа по трет пат се омажи за германскиот милионер и плејбој Гунтер Сакс, но нивната среќа траеше кратко. Таа врска остана во нејзиното сеќавање како едно од нејзините најубави спомени, а неговото самоубиство во 2011 година целосно ја скрши.
На неговиот 40-ти роденден, тој ја направи насловната страница на списанието Плејбој. На нејзиниот 49-ти роденден, на 28 септември 1983 година, Бардо се предозирала со лекови за смирување и апчиња за спиење што ги земала со вино. Таа успеа да се спаси кога лекарите и го измија стомакот. Покрај тоа, Бардо исто така го победи и ракот.
Таа сакаше тоа, после се што преживеа, што помалку да ја има во медиумите, па во 1974 година ја напушти јавната сцена со цел да најде мир.
Девет години подоцна, излегува книга за нејзиниот живот и дело. Таа не можеше да го издржи новиот притисок од медиумите, па реши повторно да крене рака на себе.
Таа беше кратко во брак со германски милионер, а во 1992 година конечно се смести покрај Бернард Ормал, со кого сè уште е во брак. Тој е функционер на ултрадесничарската партија Фронт Национал. Нивната заедница не ја следат посебни контроверзии, но затоа Брижит повремено ја шокира светската јавност со своите изјави.
Откако напиша во нејзината книга „Плач во тишината“, на 6 мај 2004 година, таа беше казнета за поттикнување на расна омраза и нетолеранција, бидејќи изрази загриженост за инфилтрацијата на исламските екстремисти во Франција.
Од друга страна, тој е голем љубител на животните и се залага за нивните права. Во 1986 година, таа основа своја фондација за нивна заштита. Таа одлучи да го стори тоа откако го продаде целиот накит и парите ги вложи во тоа.
– Им ја дадов младоста и убавина на мажите, а знаењето и мудроста ќе им ја дадам на животните – изјави Брижит во една пригода.