Шкотска воведе вонредни мерки против короната: Ќе работат пабовите и рестораните, а ова е најстрого забрането
Властите во Шкотска од денеска забранија собири по куќите во Глазгов и два блиски окрузи поради пораст на бројот на заразените од коронавирус.
Од вторник на полноќ 800.000 жители на Глазгов, Вест Данбартоншајр и Ист Ренфрушајр не смеат во своите домови да примаат луѓе кои не се дел од нивното домаќинство, ниту смеат да одат во посета едни кај други.
Шкотската премиерка Никола Струџеон оваа одлука ја објасни со тоа што главно заразата се пренесува во куќите и дека таа мерка на сила ќе биде две недели.
Училиштата, пабовите и рестораните ќе останат отворени.
– Знам колку е ова непопуларна мерка за луѓето во тие подрачја. Го знам тоа, зошто и јас живеам во Глазгов. Значи, правилата исто се однесуваат на мене како и на секој друг, рече Стурџеон на прес конференцијата.