Неделен хороскоп 05.08.2019 до 11.08.2019.
Овен
Оваа недела е поволен период за да ги докажете сите ваши квалитети.Ќе имате поволни прилики за продолжување или можеби нов почеток на некои големи потфати кои добро ќе ви се исплатат.
Бик
Период од кој ќе сакате да избегате, неповолно е да се истакнувате бидејќи можно е да платите и за туѓите грешки. Не донесувајте нагли одлуки и не решавајте ништо што е многу важно, бидејќи ќе бидете под влијание на спротивставување на желби, па и вашето однесување ќе биде непредвидливо.
Близнаци
На крајот од неделата заслужено ќе заминете на одмор.Добр Имате многу изгледи за успех во работите поврзани со странство и деловните патувања. Приватниот живот ви е стабилен а вашата љубовна врска ја зацврстувате.
Рак
Не се обидувајте да бидете ниту во средина, па да ја браните едната па другата група, не делете правда, едноставно дистанцирајте се.Ќе ве следат доста променливи чувства. Ќе се запрашувате колку навистина го сакате партнерот, а одма потоа ќе му искажувате огромна љубов.
Лав
Останатите ќе се обидат да се сокријат и да не се преокупираат со деловните настани. Ќе морате да преземете нешто посериозно, да се организирате како самите така и со своите соработници. Љубовниот живот може да биде центар на вашите интереси.
Девица
Заборавете на обврските и деловните проекти и замолете ги колегите да ве заменат. Ова е поволен период и за зближување со некои членови од семејството. Некому денес ќе му биде потребен вашиот совет или рамо за плачење.
Вага
Интензитетот на настаните ќе ја намали вашата посветеност и концентрација, што се однесува до изразувањето на нежност и приврзаноста со партнерот. Ќе се чувствувате уморни, а токму сега ви е најпотребен одмор. Овозможете им на блиските личности поголема слобода и време, што ќе си ги посветат на себе си.
Шкорпија
Многу сте самоуверени и ќе бидете подготвени за клучни одлуки. Ќе се случат некои промени кои можеби на почеток нема да бидат пријатни, но подоцна ќе сфатите дека не можело поинаку.
Стрелец
Ќе бидете чуствителни на болести или неповолни настани. Бидејќи се работи за нормални појави, сватете ги како составен дел од животот и не драматизирајте. Следи финансиско зајакнување кое ќе ве мотивира да дадете и повеќе од тоа што можете.
Јарец
Кога ќе ја постигните целта и со сите ќе се искарате, ќе се обидете да изградите нови односи. Тоа многу тешко ќе го поднесуваат вашите жртви. Нема да имате желба да работите, а тоа ќе биде така поради лошото работно место на кое се наоѓате.
Водолија
Поголемиот дел од настаните е поврзан со некоја личност од вашата непосредна околина, па најдобро би било што повеќе време да поминете сами. Не се потпирајте на никого и не се доверувајте.
Риби
Не им се лутете на искрените колеги, научете нешто од нив.Имате добри пријатели и сигурно не сакате да ги изгубите. Секако дека имате многу работи и обврски, но и пријателството е нешто за што треба да одвоите време.