Иако се уште не се објавени официјалните фотографии, туку само скиците, новата генерација на Октавија подигна голема прашина заради својот изглед.
Ќе има силен хибриден погон
Шкода ги објави првите скици од идната генерација на Октавија РС и со тоа предизвика лавина од воодушевување. Иако скиците, впрочем како и оваа, по малку се нереални, со предимензиониран тркала и премногу ниски, како и со пoширока каросерија, она што може да се претпостави уште сега е дека новиот автомобил од оваа генерација на Шкода ќе изгледа многу атрактивно.
Новата генерација на Шкода РС моделите својата светска премиера ќе ја има на 3 март на саемот за автомобили во Женева. Шкода како и досега ќе понуди две каросериски изведби од овој автомобил – лимузина и караван. Шкода на откри многу детали, но се пофали дека ова ќе биде прв РС во плуг-ин хибридна верзија. Погонот ќе биде преземен од „Голф ГТЕ“, а тоа значи дека ќе има 1.4 л турбомотор и електричен мотор односно сила од 245 коњски сили.
„Шкода“ засега не понуди увид во тоа како ќе изгледа внатрешноста на новиот автомобил, ниту потврди дека ќе има бензинска и дизел верзија.