Пејачката Дуа Липа се појави на Модната недела во Париз со нова фризира
Во прашање е фризура која во истиот момент стана еден од водечките трендови во салоните ширум светот.
„Мојата коса е полна со тајни“, напиша Дуа.
И пејачката е потполно во право. Секој фризер ќе ви каже дека ваква фризура на жените им дава мистериозен изглед заради шишките кои дискретно го покриваат лицето.
Што се однесува до британската пејачка со албански корени таа оваа фризура ја носеше во комбинација со светкав црн фустан со долги ракави и елегантни сандали.
Во прашање е безвременска фризура која ќе биде голем тренд оваа зима, а идеална е за жени со погуста коса.
Па, доколку сакате да направите промена, можеби сега е вистинскиот момент да се почестите со едни вакви шишки.
Што мислите за тоа?