Модни додатоци поради кои со нетрпение ја чекаме новата сезона
На полиците на популарниот шпански бренд Манго почнаа да се нижат новите модели за пролет-лето 2018. Шик, весели бои кои ќе бидат ИН во следните неколку месеци веќе можат да се забележат и во излозите, а овој пат во фокусот ни се чантите со етикета од овој познат бренд кои изгледаат неодоливо и со кои ќе ја „подигнете“ секоја пролетна комбинација. Да, во продолжение ќе го видите нашиот список со 10-те „бестселери“ од кои навистина не е лесно да го изберете најдобриот (така барем ние се чувствувавме!), но затоа пак бевме сигурни дека кој модел и да го избереме нема да погрешиме. Покрај вечниот класик црната боја, оваа сезона во мода се жолтата и златните и сребрени металик нијанси, а еден од најголемите трендови ќе бидат и разиграните, цветни дезени кои можеби и најмногу „звучат“ и „мирисаат“ на новата пролетна сезона.
Па, кој од овие модели ви се допаѓа најмногу?