Реклама
НовостиОпа!

Шехерзад и по три бремености кога ќе се соблече изгледа феноменално – Сулејман ужива со неа (фото)

На Сулејман секој ден му е „1001 ноќ“

Реклама

Познатата актерка од серијата „Илјада и една ноќ“, Бергузар Корел (41), најчесто ја гледаме во смерни изданија.

Таа е таква и на својот профил на социјалните мрежи, каде често објавува моменти од семејниот живот со својот познат сопруг.

Но овој пат Шехерзад направи исклучок, па сподели неколку фотографии на кои позираше во костим за капење и ги изненади сите.

Маркетинг

Инстаграм/ Бергузар Корел

Имено, многу познати дами во текот на жешките летни денови своите фанови знаат да ги почестат со вакви изданија, но убавата сопруга на Сулејман Величествениот навистина ретко ја гледаме вака.

Маркетинг

Инстаграм/ Бергузар Корел

Таа го облече својот омилен костим за капење за ова лето и покажа дека се уште е во топ форма, и тоа во поприлично с*кси издание.

Инстаграм/ Бергузар Корел

Прашање е само дали овие фотки ги направи нејзиниот сопруг Халит Ергенч, величествениот Сулејман и вљубениот Онур од „1001 ноќ“.

Инстаграм/ Бергузар Корел

Познатата турска ѕвезда што ја обожаваат и во Македонија веќе со години плени со својата атрактивност и убавина.

Инстаграм/ Бергузар Корел

Таа и покрај тоа што роди три деца, никогаш немала проблем со вишок килограми, па така по секоја своја бременост за поприлично кратко време повторно беше во топ форма.

Инстаграм/ Бергузар Корел

Впрочем Бергузар тоа го покажа и сега со ова свое провокативно издание, но и секогаш кога ќе ја видиме во елегантни фустани, кои најчесто ги носи во сериите или на некој свечен настан, на црвениот килим, таа едноставно си блеска.

Инстаграм/ Бергузар Корел

Така беше и сега, но овој пат во издание во кое не може ништо да се сокрие, оваа мама повторно ја покажа својата фит линија.

Инстаграм/ Бергузар Корел

Останува уште да го видиме и Сулејман во едно вакво издание, глетка која секако би израдувала многу жени.

Инстаграм/ Бергузар Корел

Инстаграм/ Бергузар Корел

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button