Шехерзад блеска во третото тромесечје: Убавата Турчинка објави ФОТОГРАФИЈА во костим за капење и го покажа стомакот!

Популарната турска актерка Бергузар Корел која што се прослави со улогата на Шехерзад во хит серијата „Илјада и една ноќ“, ужива во бременоста.

Таа е во третиот триместар, а моментално деновите ги поминува уживајќи и одмарајќи се на плажа.
Шармантната актерка позираше во костим за капење, а нејзините фанови беа воодушевени од фотографиите.
Тие и порачаа дека никогаш не изгледала поубаво и дека блеска со трудничкиот стомак кој и стои одлично.

Шехерзад и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч веќе имаат двајца синови, а сон им е да добијат девојче.

Таа се породи минатиот март кога го доби второто дете со актерот Халит Ергенч кого го паметиме по улогата на Сулејман.

Актерката ја дознала среќната вест уште на почетокот на снимањето на новиот телевизиски проект, кој потоа реши да го откажа, за да може да се посвети на грижата за себе и одржувањето на бременоста.

„Не сум на малите екрани три години, но за време на неколкумесечните подготовки за улогата во серијата ‘Кнали Јаи’, дознав дека сум бремена“ изјави тогаш актерката.

„Иако бременоста не ме спречи да продолжам со проектот, сепак моравме да го одложиме снимањето поради физички промени кои не беа соодветни за мојата улога“.

„Не ми е лесно да се збогувам со серијалот што го подготвував со одлични луѓе. Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги од кои научив многу и со кои поминав низ прекрасниот процес на креирање на овој проект“.
„Моја желба е нашите патишта да се вкрстат повторно еден ден“ напиша таа, и додаде:
„Од моментот кога објавив дека сум бремена, не можев да одговорам на сите пораки. Ме направивте многу среќна, ви благодарам многу“ објави тогаш Шехерзад.
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
