Шефот не ја пушти од работа да го однесе КУЧЕТО НА ЕУТАНАЗИЈА – му даде отказ и го направи „славен“
Приказната на една жена што ја сподели на форумот „Редит“ предизвика бура од реакции и речиси никој од корисниците немаше убави зборови за нејзиниот шеф.
„Твојот шеф е ужасна личност, кога некој ќе изгуби миленик, потребно е време за тагување“ пишуваат корисниците на социјалните мрежи
Една жена започна расправа на „Редит“ откако раскажа дека имала проблем со шефот на работа заради нејзиниот миленик.
Како што објасни во своето обраќање, оваа жена решила да даде отказ на работата бидејќи шефот и замерил што земала слободен ден за да го одведе своето куче на еутаназија.
Таа нивниот разговор го објави на Редит. Најпрво му напиша дека има итен случај во семејството и дека нема да стигне на работа, а нејзиниот шеф и кажа дека мора да дојде на својата смена и притоа без трошка емпатија ја праша што е тоа толку важно.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Жената потоа му објасни дека се обидела да најде замена и дека мора своето куче да го однесе на еутаназија.
and I oop
by u/hopechyann in antiwork
Тоа не е баш најдобра причина за да не дојдеш на работа, и одговори шефот, а жената беше шокирана од неговата реакција.
Ваквото негово однесување допринесе таа да реши да му даде отказ, а останатите корисници на овој форум ја поддржаа во одлуката.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Нејзината приказна предизвика бура од реакции и речиси никој од корисниците немаше убави зборови за нејзиниот шеф.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
„Твојот шеф е ужасна личност, кога некој ќе изгуби миленик, потребно е време за тагување“, напиша еден корисник.