Шефицата и ја пиеше крвта поради обичната фризура и марамата – погледнете како оваа работничка и се одмазди (фото)
Јуни Ј. Ривас на работа обично оди најнормално облечена, панталони, јакна, кошула… Значи, ништо невообичаено.
Сепак, шефицата почнала да и замерува, бидејќи ја носи косата во опашка, и става марама на глава. Таа се обиде да направи две плетенки, но и тоа не чинеше за нејзината шефица. Во договорот нема никаков кодекс на облекување, не постои никаков „дрес-код“, туку само „Биди чист и уреден”. Горенаведената фотографија покажува како Јуни изгледаше во канцеларијата.
Таа, прво поднесе барање за дискриминација на работното место, а шефицата донесе новите правила за облекување. Сега канцеларијата има „кодекс на облекување” и ги забранува следниве работи: нема коса врзана во коњско опавче, ниту пак плетенки, нема шалови, нема капи, сандали, деколте, гол грб…
Додека комисијата го истражуваше овој случај, Јуни ги почитуваше сите нови правила, но на свој начин. Сите деловни изданија со кои што доаѓаше на работа ги почитуваа горенаведените правила (во кои не пишува ништо за сини перики, леќи, костими, наочари …). :)