Таа е една од најбараните психолози кај нас. Доколку побарате совет за тоа на кој психолог да го оденсете детето, многумина ќе ви ја препорачаат неа- м-р Ивана Хаџиванова .
Психолог, гешталт психотерапевт и супервизор, оаа девојка е искусен професионалец од областа на менталното здравје, со повеќе од десет годишно работно искуство. Поседува искуство и сертификати и за работа со родители на деца со посебни потреби, како и за „Прва психолошка помош’’- (Johns Hopkins University).Впрочем, нејзина специјалност е врсничкото насилсво или булинг.
Хаџиванова е често присутна на медиумите и транспарентна за јавноста. Во една прилика во едно интервју ќе рече:
Зборувам гласно и рушам табуа!
Покрај тоа што е ментално силна, Ивана е и физички подготвена.Вежба напорно и има одлично тело.
Навистина е храбра и бестаршна да се впушти во непознатото.
Важи за една мноу интересна и впечатлива личност, како по својот изглед, кратката фризура која во превод значи храброст кај една жена, но и по однесувањето, таа отскокнува со својата појава, во секоја смисла на зборот.
Себеси се смета за богата, па така во една прилика ќе рече :
Јас сум многу богата, а богатството ми се знаењето и книгите кои ги трупам на полиците. Тие ми се воздух, спас и најмоќно оружје. Тоа не може никој да ми го земе, напротив ќе биде се поголемо.
Таа е слободоумна девојка, исполнета со живот и среќна од тоа што го работи и што го постигнала, но не престанува да учи, нејзините апетити за наука се непресушни.
Во моментов убавата Ивана е на заслужен одмор во Куба. Оттаму објави фотографии на својот фејсбук-профил кои привлекоа многу очи на јавноста.
„Одлично ти стои Куба“, „Родена си за во Куба!“, „ Леле, бојата на колата и лакот исти!Случајно или намерно?! Предобра комбинација“ се дел од коментарите под нејзината објава.
Со пура во рака во розов кабриолет , како тој на „Барби“ шармантната девојка насмеана ужива во слободните денови. Колку што можевме да заклучиме таму е со пријатели. И дефинитивно ужива до бескрај!
Ивана е основач и директор е на НЕОКОРТЕКС – Центар за психотерапија, психодијагностика тренинг и едукација во Скопје, каде предводи тим од стручни лица. Во склоп на центарот, работи со сите возрасни категории деца, адолесценти и возрасни, вклучително и терапија со игра за деца, за која е сертифицирана.