Вести

Шести ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ – Се појави нова трага

Advertisement

Продолжува потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во вторникот во Бањски Поље кај Бор.

Припадниците на српското МВР во текот на претресот, кој влезе во шести ден, пребаруваат дел од Брестовачка река.

Advertisement

Хеликоптери на МВР вчера го надлетаа поширокото подрачје на исчезнувањето на девојчето.

Специјалистички екипи на српското МВР ја пребараа околината на куќата, тунелот, подземните канали и шахти, како и шумата и не беа пронајдени никакви траги што би упатувале дека девојчето е таму.

Полицијата во петокот отиде со мајката на двегодишната Данка на местото каде што исчезнало девојчето за да им го покаже секој чекор и детал од тој ден.

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на обиколката на единиците на воздухопловството и воздушната одбрана на аеродромот „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница ја пофали работата на полицијата во случајот со исчезнувањето на девојката од Бањско Поље.

„Сакам да и се заблагодарам на полицијата која работи дење и ноќе. Кога се појави нова трага во три и пол, како синоќа, ме известија и мене. До пет и пол сите се на своето место.

Секоја чест за нивната посветеност, колку луѓе се борат за еден живот. Секој свет ден се надевам дека ќе успеат да го расветлат и овој случај“, истакна Вучиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button