Реклама
Вирално

Шестгодишно дете од Босна падна во надојдениот поток. Mајката веднаш скокнала да го спаси – пронајдени само блузата и велосипедот!

Реклама

Како што пренесуваат медиумите од регионот, детето се возело со велосипед по патот и изгубило рамнотежа, па завршило во потокот кој бил надојден од дождовите. По него веднаш скокнала мајката, која ја извлекле, но не и детето.

Фото: Klix.ba

Малиот Ибрахим Мешелевиќ (6) кој вчера додека се возел со велосипедот потона во надојдениот поток се уште не е пронајден.

Роднината на момчето стравува дека неговото тело отишло во реката Босна. Во потрагата беа вклучени околу 300 луѓе. Со куку и вили го пребарувале потокот, но го нашле само неговиот дуксер и велосипед, но не и момчето.

Маркетинг

Роднина на момчето за ТВ Аваз изјави дека родителите биле во страшна психичка состојба и дека се префрлени на психијатрија. Покрај потокот бил и роднината Белмин Мешељевиќ кој вели дека изгубил надеж, бидејќи Ибрахим е мал, а потокот надојден како никогаш претходно.

Маркетинг

 

Настанот се случил на местото Бегов Хан, во близина на Зепча, кога поради несреќни околности момчето падна во потокот, а откако го виде по него скокна и неговата мајка за да го спаси, но буицата веднаш ја однесе и неа. Мајката за кратко време била извлечена од надојдениот поток.

И комшиите се во шок. Комшивката Адила Згрцо има исто така две деца и вели дека отсекогаш се плашела од потокот, бидејќи премините преку него се ниски. Повеќе граѓани се собраа во долниот дел, каде што потокот се влева во реката Босна, но безуспешно го бараа детето.

 

Според зборовите на мештаните, нуркачите во текот на денот со рацете го пребарувале дното на потокот. Нивото на водата полека се намалува, а потрагата по шестгодишното момче продолжува и денес.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button