Познатата актерка знае како да го привлече вниманието
Шарон Стоун за неполн месец дена треба да наполни 62 година, но тоа не ја спречува да го покаже своето тело. Имено, познатата холивудска актерка на добротворниот настан организиран од Стивен Тајлер, пејачот на Аеросмит, се појави во долга мрежеста облека под која носеше црно боди.
https://www.instagram.com/p/BtwmljtlgIT/
Иако фустан ја покриваше од глава до пети, убавата холивудска актерка сепак успеа да ги нагласи долгите нозе и деколтето. Целто изание го заврши со нејзината препознатлива фризура, децентна шминка и црвен кармин.
https://www.instagram.com/p/BtzWo_0l_SL/
На забавата беа собрани преку 2,8 милиони долари во донации за Фондот на Тајлер, „Janie’s Fund“, за помош на жените кои биле жртви на сексуално насилство.
На забавата, покрај Шарон, се појавија и бројни познати личности како Леонардо ди Каприо, Алис Купер, Кејтлин Џенер, Џејн Линч …