Реклама
Наши ѕвезди

Шерифовиќ прв пат искрено за победата на пејачката од Македонија: „Крајно време е да се промени нешто!“

Се огласи и менторот на Славица, Ѓорѓе Давид, кој вели дека го пречекале како Тито

Реклама

Марија Шерифовиќ прв пат се огласи по победата на Славица Ангелова од Македонија во „Ѕвездите на Гранд“.

Таа најпрво ги спомна своите кандидати кои во текот на целата сезона важеа за фаворити, но на крај победи Славица од тимот на Ѓорѓе Давид.

„Ништо не коментирав откако завршија ‘Ѕвездите на Гранд’, бидејќи бев многу изморена. Бев среќна што дојдовме до крајот без разлика на резултатот. Поштено да ви кажам по некој мој вкус и познавање на работата за мене вистинско откровение се Ксенија Тану и Мартина“, го започна своето обраќање Шерифовиќ.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Таа потоа кратко ја коментираше и победата на Славица Ангелова напоменувајќи дека не и се допаѓа она што некои го пишуваат за победничката на социјалните мрежи. Таа вели дека секогаш и засекогаш ќе ја поздравува одлуката на народот, а воедно и дека размислуваа на темата и дошла до заклучок дека на крајот на краиштата не се гласа за најдобриот во финалето.

Маркетинг

„Прашање е колку е фер тоа што кога ќе дојдеме во еден натпревар до финалето и кога прецизно ќе се види разликата, во еден момент престанува да биде музички натпревар и доаѓа до натпревар меѓу државите и нивните претставници.“

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

„Тоа е некоја тема за која можеме да дискутираме“.

„Не знам дали тоа во ред или не. Мислам дека по многу многу години време е во тој систем нешто да се промени и да се најде начин како навистина да се избере вистинската Гранд ѕвезда“, заклучи пејачката.
Славица дочекана како кралица во Струмица.

Принтскрин, Јутјуб, Гранд.онлајн

Инаку, по победата во шеснаесеттата сезона од „Ѕвездите на Гранд“ Славица Ангелова беше дочекана како кралица во Струмица.

Фото: Инстаграм/ Коста Костадинов

Таа беше пречекана и од градоначалникот на овој град, а и нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид беше воодушевен од дочекот.

„Беше пречекана на прекрасен начин. Градот беше преполн, беше застој. Владееше голема еуфорија, а Славица стана сериозен симбол на овој град. Тие тоа го гледаат како голема победа, луѓето навиваа како кога Македонците доживееја голем успех во ракометот, Славица е сериозен херој во Македонија“, истакна Ѓорѓе по посетата на родниот град на Славица во нашата земја.

Фото: Инстаграм/ Коста Костадинов

Тој го најави победничкиот концерт закажан за петок во кој покрај Славица ќе настапат и Ивана Петерс, „Deat Saw“ бендот, а специјален гостин ќе биде и Александар Јосифовски од Охрид.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

„Македонија доби победник и тие тоа сериозно го сфаќаат. Тука се чувствувам како Тито, многу се благодарни за сето она што Славица и јас ги постигнавме и тоа многу ми значи. Мислам дека Јосифовски тоа истото го заслужи“, изјави познатиот рокер, пишува „Гранд.онлајн“.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button