Реклама
Наши ѕвезди

Шеикот ја кити Адријана Алачки како невеста – изгледа прекрасно, но обожаватели и порачуваат да биде внимателна

Реклама

Водителката на „Вкусот на традицијата“ во издание во какво ја немаме видено досега

Адријана Алачки објави фотографија од нејзиниот престој во Обединетите Арапски Емирати. Поранешната водителка која има свое кулинарско телевизиско шоу беше гостинка кај шеикот на кој му подготви традиционални македонски јадења, а на социјалните мрежи објави интересна фотографија на која ја китат со преубава огрлица.

Маркетинг

„Адријанче, ти си срце само за некој шеик.. многу сте ми убави“, „Те китат како за невеста, биди внимателна“ и порачаа нејзините обожавателки на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук / Адријана Алачки

Инаку, македонската пејачка и водителка на „Вкусот на традицијата“ за неколку дена ќе го прослави својот 52 роденден. Таа беше 25 години во брак со хармоникашот Горан Алачки со кого има две деца, ќерката Грациела и синот Благоја. Тие и покрај тоа што се разведени останаа многу добри пријатели, велат нивните блиски.

Маркетинг

За Горан се шушкаше дека е во врска со Марина Дојчиновска, познатата новинарка на емисијата Македониум.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button