Реклама
Вирално

Швеѓаните стекнаа имунитет на корона поголем отколку што се мислеше: Нивната стратегија не ја одобруваа, еве што велат експертите

Реклама

Ново истражување од шведскиот Институт Каролинкса и Универзитетската болница Каролинска покажуваат дека многу луѓе, со благи или асимптоматски случаи на коронавирус, имаат имунитет со посредство на Т-ќелиите.

Затоа истражувачите имаат причина да веруваат дека човечкиот имунитет е поголем отколку што сугерираат тестовите на антитела.

Маркетинг

„Т-ќелиите се вид на бели крвни зрнаца кои се специјализирани за препознавање на ќелиите на заразените од вирусот и се важен дел од имунолошкиот систем. Напредните анализи овозможуваат детално да го мапираме одговорот на Т-ќелиите во споредба со оние кај кои може да утврдиме антитела“, покажа доцент Маркус Бугерт, од Центарот за инфективна медицицина при Институтот Каролинска и еден од главните автори на студијата.

Фото: Profimedia

Во ова истражување, истражувачите извршија имунолошка анализа на примероци на повеќе од 200 луѓе, од кои многумина имале благи или никакви симптоми од коронавирусот. Студијата опфатила пациенти од Универзитетската болница Каролинска и други пациенти, и нивните асимптоматски членови на семејството.

Маркетинг

Вклучени се и здрави крводарители кои дале крв во период од 2020 и 2019 година како контролна група.

krv2

Додаваат дека пациентите со тешка клиниќка слика развиле силен имунолошки одговор.

„Нашите резултати покажуваат дека јавниот имунитет на ковид-19 веројатно е значително поголем отколку што на тоа сугерираат тестовите на антитела. Тоа е многу добра вест од перспектива на јавното здравје“, рече професорот Ханс-Густаф Лунгрен од Центарот за заразни болести.

Анализите на Т-ќелиите се посложени за спроведување од тестовите на антитела, па моментално се прават само во специјализирани лаборатории, како онаа во Центрот за инфективна медицина при Каролинска.

„Сега ќе мора да направите поголеми и долгорочни испитувања и на Т-ќелиите и на антителата за да сфатиме колку е долготраен имунитетот и како се поврзани овие различни компоненти на имунитетот на коронавирус“, вели Маркус Бугерт.

Резултатите од ова најново истражување сѐ уште не поминале стручна проверка. Додека се чека рецензија, студијата е објавена на официјалната страна на Институтот Каролинска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button