Реклама
Вирално

Шведска не се плаши од коронавирусот: Тоа е блага болест слична на грип, затворањето на луѓето во домовите е лоша идеја

Реклама

Во Шведска, една од најбогатите скандинавски земји кои решија против коронавирусот да се борат пред се преку стекнување на колективен имунитет на населението, регистирани се официјално 14.500 заразени од коронавирусот, околу 1.570 лица не успеаја да ја победат болеста.

Шведска по ваквите трагични биланси од коронавирусот, одлучи да ги забрани собирите на повеќе од 50 лица, потоа посетите на болниците и старските домови, а наставата на факултетите и училиштата се одвива преку интернет платформите за учесе. Многу вработени својата работа ја работат од дома.

Меѓутоа, оваа земја се уште не ги затвори кафулињата и рестораните, а отворени се и сите продавници и трговски центри, поради што веројатно е единствена земја во Европа, ако се има во предвид дека сите останати, како една од првите мерки во борбата против коронавирусот, го направија токму тоа, поради масовното собирање и можноста за ширење на болеста во несогледливи размери.

Маркетинг

Инспекциските служби минатиот викенд извршиле контрола на рестораните во Шведска со цел да се провери дали го почитуваат пропишаното растојание меѓу гостите, па дури 20-тина добиле опомени, но ниту еден не бил затворен, јавија медиумите.

Според зборовите на поранешниот главен државен епидемиолот Јохан Гјесек затворањето на луѓето во домовите е лоша идеја.

Маркетинг

– Карантините и затворањето на европските земји не се мерки втемелени на научни докази. Мислам дека е добра политиката да се заштитат постарите и ранливите категории, додека останатите треба да имаат во предвид дека Ковид – 19 е блага болест слична на грип и дека луѓето најмногу ги исплаши тоа што не знаеја ништо за неа, рече овој професор кој предава на Универзитетот Каролинска во главниот град на Шведска.

-Историјата покажа дека миењето на раце и социјалната дистанца се најдобрите методи против секоја вирусна болест. Кога еднаш ќе биде достапно масовното тестирање на антитела, верувам дека тоа ќе покаже дека 50 проценти од шведската популација веќе прележале Ковид -19 па на крајот стапката на изгубени животи ќе изнесува околу 0,1 отсто, вели тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button