Шармантната Ноне ја покажа својата мајка и ги изненади сите, а ВНИМАНИЕТО го украде нивната преголема сличност

Сличноста неверојатна, фановите воодушевени

Пејачката Ноне Неделковска објави фотографија со својата мајка и ги воодушеви сите на Инстаграм, како што тоа обично и го прават јавните личности кога ќе споделат фотографија со родителите и кога ќе покажат како изгледаат.
Тие позираа насмеани, со чаша црвено вино, а коментарите на нивниот изглед беа повеќе од позитивни.

И како што може да видите и сами, тие несомнено личат една на друга.
Иако преку социјалните мрежи често споделува фотографии од секојдневието и од своите патувања низ светот, на кои најчесто позира во интересни изданија, Ноне овој пат реши на фановите да им покаже и како изгледа нејзината мајка, која речиси никогаш досега ја нема покажано во јавноста.

Поранешната пејачка откако се врати во Македонија од „патот околу светот“ работејќи на крузери, слободното време го поминува во друштво со своите најблиски пријатели и членови на семејството.
Нејзината мајка мнгу ретко се појавува во јавноста, па пејачката со ова заедничко селфи покажа како изгледа таа.

Многумина веднаш забележаа дека шармантната Ноне убавината ја наследила од неа и дека неверојатно личат една на друга.
Поранешната пејачка Ноне Неделковска ги привлекува погледите и на социјалните мрежи. Таа на првиот ден од летото објави фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм која позира во костим за капење, а во центарот на вниманието е нејзиното бујно деколте и преубава црвена коса.

Инаку, Ноне која последниве неколку години работеше на брод е мошне активна на социјалните мрежи каде редовно споделува фотографии од нејзините патувања. Па така од нив можеме да видиме како таа уживаше на најегзотичните дестинации, а некои од нив погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска
Фото: Инстаграм/ Ноне Неделковска