Шармантната македонска водителка имаше причина за славење – изненадувањето што и го приредија нема да го заборави!

Македонија дефинитивно може да ѝ парира на светската сцена кога станува збор за презентерките на временска прогноза.
Може да се пофалиме дека имаме навистина убави, атрактивни и харизматични презентерки.
Една од нив е и Наташа Алексоска, која долги години е на врвот.
За неа со право може да се каже дека е една од најзгодните и најубавите, но и една од ретките со добра дикција, водителка која се труди да го негува македонскиот литературен јазик преку правилниот изговор.

Шармантната водителка својата кариера ја започна пред повеќе од една деценија во МТВ, каде ги водеше добро познатите детско-образовни емисии и програми како „Зимско-рекреативната програма“, „Ѕвон“, „Пулсирања“…
Деновиве во домот на водителката имаше голема причина за славење. Имено, убавата Наташа славеше роденден.

Како и секогаш, водителката роденденот го прослави прво во своите најблиски.
Алексоска долги години е во брак со спортскиот новинар Роберт. Плод на нивната љубов е нивната ќерка Луна.
Роденденот на Наташа, семејството го славеше и дома во ресторан, а водителката објави фотографии од прославата.

„Не воздивнувам по деновите минати, моите „две крила“ не штедат на љубов во секој нов ден, едото уште детски нежно, другото заштитнички цврсто ме лелеат низ животот! Роденденската торта за печат на денот. Долче вита и вам ви посакувм, ви благодарам на честитките“, напиша Наташа во опис на фотографиите.

Наташа секогаш ја гледаме средена од глава до пети.
Таа остава впечаток на одмерена жена, која вложува многу труд, но и љубов во својата работа, па токму затоа ја работи со леснотија.
Судејќи според фотографиите на нејзините социјални мрежи, таа и во домашна атмосфера изгледа одлично.

Нејзината ќерка Луна порасна во прекрасна тинејерка, а гордата мајка понекогаш споделува и фотографии со неа.
И по повод роденденот на Луна кој е за време на Божиќните празници, Наташа сподели нејзини фотографии и покажа како го уредила домот.

„Луна! Насмевска наша, ден зимски што срце ни грее, душа од небо поширока, љубов од камен поцврста, сафиру наш што ни го обои животот во среќа! Среќен роденден! Нежност… катинар на љубов наша!“ –напиша во опис на фотографиите.

Наташа не е една од познатите личности кои сака премногу јавно да се експонира и својата кариера ја гради исклучиво со квалитетна работа.
За неа никогаш не се слушнале некакви шпекулации, ниту пак била поврзувана со некакви скандали и афери.
На социјалните мрежи објвува ретко, но секогаш има што да покаже и да ги изненади своите следбеници.

Наташа најчесто е закопчана „до грло“ кога на гледачите им ја соопштува прогнозата за времето, но на социјалните мрежи може да се најдат и фотографии на кои нејзината женственост целосно доаѓа до израз.

За време на своите летни одмори, таа знае да сподели и фотографии во костими за капење, на кои може да се види целото незино тело. Мора да се признае дека навистина се грижи да изгледа беспрекорно и успева во тоа. На нејзиниот изглед може да позавидат и помладите колешки.
Погледнете и уверете се:















