Реклама
Наши ѕвезди

Шабан го закопаа со песната што и ја посвети на сопругата – таа го бакна ковчегот пред да го спуштат во земјата (видео)

Реклама

Шабан беше погребан вчера во 15 часот во Белград, во Алејата на заслужните граѓани, а на погребот присуствуваше семејството, пријателите, колегите и јавните личности, како и неколку илјади луѓе, пишува Блиц.

Фото: Принтскрин

„Кралот на народна музика” беше погребан со звуците на песната „Не плачи, душо”, која е посветена на неговата сопруга Гордана. Песната на хармоника ја свиреше Александар Софронијевиќ.

Додека свиреше песната, неутешна Гордана го бакна ковчегот, а синот Михајло цело време ја држеше за рака.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

Ќерката на Шабан, Санела, фрли бела ружа во гробот на нејзиниот татко.

Маркетинг

 

 

По погребот, се обрати синот Михајло со следниве зборови:  „Мојот татко денес не замина. Се додека постои неговата музика и додека ние се сеќаваме на неговата душа тој ќе живее со нас. Сакам да се заблагодарам на сите кои дојдоа. Ви благодарам на сите и нека му е вечна слава”, рече тој, по што следуваше громогласен аплауз.

https://www.youtube.com/watch?v=mJP_e3S_k-E

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button