Реклама
Шминка

Чудо од 100 денари – решение што ќе го користите од глава до пети, а го практикуваат и познатите дами како Бијонсе и Џенифер Лопез

Реклама

Постојат трикови за убавина за кои не се зборува на цел глас.

Некои во борбата со дамките на кожата користат детски и бебешки креми, додека други кожата по бричење ја хранат со регенератор.

Маркетинг

Овие трикови ги користат „обичните” луѓе, но исто така и познатите личности. Меѓу другото, на листата со производи без кои многу познати личности не можат е и – вазелинот. За него можеби не се зборува гласно како за другите производи, но вазелинот е дел од рутината на многу познати личности, и тоа не само како средство за испукани усни.

Бијонсе вазелинот го користи за нега на трепките, а Џенифер Лопез како балсам за чистење. Оваа евтина смеса може да се користи и за мека кожа, веѓи, за сјај на кожата, па дури и за сјајни врвови на косата.

Маркетинг

Значи, ако веќе сте го отстраниле вазелинот од употреба, можеби е крајно време да го вратите во својата рутина овој производ што можете да го добиете за само 100 денари. Дополнителен поттик можат да ви бидат следните неочекувани начини на кои можете да го користите.

За нанесување „глитер“ на кожата

Токму сега е сезоната на најлудите забави во годината, па ако сакате буквално да блеснете, премачкајте го телото со вазелин пред да ставите глитер (сјај) за кожа, бидејќи вазелинот може да послужи и како лепило за светките.

Сјајни очи

Сјајни очни капаци се во тренд, без сенки за очи или со нив. Во секој случај, вазелинот е исто така корисен во оваа ситуација – можете да го применувате сами или преку вашата омилена нијанса за да додадете шарм.

https://www.instagram.com/p/BkqcAXHFPzB/

 

Помош при лакирање на нокти

Кога ноктите ги лакирте, ситуацијата знае и те како да излезе од контрола и да стане неуредна. Ако кожата на ноктите е подмачкана со вазелин, лесно ќе го отстраните вишокот на лак.

Бариера при боење на косата

Ако самите ја фарбате косата, со вазелин намачкајте ги рабовите, така што нема да имате бои на вашата кожа.

https://www.instagram.com/p/BpmseYlgK2d/

Кога правите кармин

Ако вашиот омилен кармин дојде до својот крај, измешајте ги остатоците со вазелин и употребувајте го во нова форма. Бојата можеби не е толку силна како и оригиналот, но ќе добиете нова сенка за вашите усни.

Кога трчате маратон

Ако планирате наскоро да трчате на некој маратон, подгответе се за триење, и тоа мажите можеби и повеќе од жените, а за да го спречите тоа, подмачкајте ги брадавиците со вазелин за да избегнете непријатното чувство

Хајлајтер за итни случаи

Излегувате, а од вашиот хајлајтер нема траг? Допирот со вазелин тука и таму исто така може да ви заврши работа

„Тврдоглави“ веѓи

Ако имате проблеми и не можете да ги смирите веѓите, вазелинот може да ви помогне. Нанесете мала количина на веѓите и тоа треба да ги смири.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button