Реклама
Хороскоп

Чудото што се случи откако се упокои Старецот Нектариј Виталис

Реклама

Познато е и неговото исцелување од тешка болест

Православните верници масовно го споделуваа видеото кое како што веруваат тие, го прикажува првото чудо на архимандритот Нектариј Виталис кој се упокои минатата година, на 8 февруари, во Камариза, во близина на Атина. На видеото се гледа како свештеници приоѓаат да ја целуваат раката на старецот која како што наведуваат, била мека и еластична, како да заспал. Како што наведуваат тоа било првото чудо на старецот кој уште за време на животот го сметаа за светец и кој беше познат во целиот регион.

Маркетинг

Од светителите, тој многу го почитувал Свети Василиј Острошки на кого секојдневно му се молел и направил трон во црквата со икона од Свети Василиј и папучите од Свети Василиј што ги доби за благослов. Затоа и секоја година во Камариза се прославува празникот на Свети Василиј.

Позната е приказната за чудесното исцелување на старецот Нектариј кој со молитва и вера успешно се излечи од тежок облик на рак за што повеќе пати сведочеше.

Маркетинг

 

За зависта – Старец Нектариј Виталис

Човекот, драги мои браќа, почнува да старее не тогаш кога ќе му побелее косата, туку тогаш кога ќе му поцрни срцето! Не смееме да го тргнеме од ум тоа дека не постојат само телесни болести. И душата може да боли и да се разболи. Една од душевните, и тоа една од најсериозните болести, е зависта. Колку ли само несреќа, колку ли трагедии меѓу луѓето предизвикала зависта!…

Телесната болест можеме да ја откриеме врз основа на видливите симптоми. А според симптомите, кои ја издаваат зависта, лесно го препознаваме човекот, кој живее под нејзината власт. На крај, големо проклетство, големо безумие и голем злочин е да се завидува на другите луѓе. А што, всушност, е зависта? Кога некој се жалости и се јаде заради среќата на другиот, заради неговите доблести и напредувања. Истовремено се труди на секој начин и со кое било средство сето тоа да го расипе, да го уништи. Гледате, на пример, кога некој пожолтува, се онерасположува, се буни и трепери кога ќе види или чуе нешто за напредокот, добродетелите или убавината на друг човек, тој сосема сигурно во душата ја има зависта. Не сака другите да бидат среќни. Не може да ги гледа како напредуваат, како се возвишуваат и стануваат подобри од него и затоа со сите средства и на секој начин се обидува да му ја затруе радоста, да му го намали успехот. Кога би било можно завидливиот човек да ја има молњата на располагање и кога би можел да ја фрли – само тоа, се разбира, никој да не го забележи – на куќата, на делата на луѓето на кои им завидува, и сето тоа да го сруши и уништи… Тоа сигурно со голема злоба би го направил! Но, кога веќе тоа не е возможно, завидливиот пронаоѓа и користи едно друго оружје – клеветата, која е чедо на зависта. Човекот, на кој му завидува, може да покаже некоја, па и најмала, несовршеност во карактерот. Завидливиот ги занемарува сите други доблести и својот поглед го насочува само кон тоа слабо место. Го зголемува, го развива и тогаш им го сервира на другите… Па дури и неговата жртва да не покажува ниту најмала видлива маана или слабост, завидливиот ја создава од ни од што. Неговата болна фантазија го измислува или го создава она што не постои.

Го прашале еднаш еден мудрец кои очи гледаат подобро: сините, црните или смеѓите. Тој одговорил: завидливите! Очите на завидливиот човек го гледаат и она што е најситно. Го гледаат дури и она што… не постои. Само едно не гледаат: доброто! Ма го гледаат и тоа, но погрешно, затоа што не можат да ја поднесат неговата блескавост… Завидливите клеветници се како муви, кои не се грижат за целото здраво човечко тело, туку доаѓаат и застануваат на раната. Оној кој завидува на доблестите и вредноста на другиот и се труди да ја уништи, со тоа покажува дека не ја сака добродетелноста. Напротив, ја мрази, не може во себеси да поседува складност, префинети чувства, душевна убавина.

Како секоја страст, така и зависта го замаглува и помрачува човечкиот разум до таа мера, што е во состојба да ги изврши и најголемите злодела. Онаа сатанска енергичност што ја покажува завидливиот човек, само за да ја уништи добродетелноста, убавината, возвишеноста, остава силен впечаток и предизвикува страв. Не пропушта ниту една прилика да го понижи, да го разжалости и да го повреди понекогаш зад грб, а понекогаш во лице, човекот против кого што се свртува неговата завист. Ќе се труди да оцрни и со клевети, со лицемерие и злоба да ги изврти и најпростодушните постапки на човекот кому завидува. Клеветата и лицемерието се драгоцено оружје на завидливиот. До каде, навистина, може да отиде завидливиот? До какви изобличувања и до какви злосторнички заблуди?… Праведниот да го обележи како неправеден. Невиниот како виновен. Спасителот како измамник! Јунакот како предавник! Добродетелниот како убиец! Речено е дека зависта е најправедна, но и најнеправедна страст. Навистина е најнеправедна, затоа што ги ранува невините и простодушни срца. Но, и најправедна е, затоа што дење и ноќе како црв ја јаде утробата на завидливиот.

Браќа мои, ајде да си ги покоруваме себеси своите најубави чувства. Ако ги оставиме незауздени, ќе нè одведат во страст и во најдобар случај, едноставно ќе згасне насмевката од нашите усни, а другите ќе ги направиме несреќни. Никогаш не треба да отвориме уста, за да кажеме нешто лошо за својот ближен. И никогаш не смееме да слушаме нешто лошо за својот ближен ниту било што лошо да гледаме во својот ближен! Ако на својот животен пат сретнеме некој величествен, вистинска слава, јунаштво, среќа, талент, добродетел, да не допуштиме во нас да се роди црвот на зависта, да ни ја сотре душата, да ја изгубиме радоста и да смислуваме што да направиме сето тоа да исчезне.

Илјада пати е подобро душата да ни ја исполни восхитување и ликувањето да ú даде крилја на нашата душа. И тогаш спонтано ќе прошепнеме два слатки збора за создателите, чинителите на добро. Колку ќе им значи таа наша изјава и колку тоа служи за заедничкото добро! А потоа, тоа исто восхитување и тоа исто ликување ќе нè вдахнови, ќе нè побуди и ќе пробуди во нас копнеж и сила да дејствуваме и да се воздигнеме високо!

Извор: О зависти – Старац Нектарије Виталис

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button