Реклама
Вирално

„Чувствував како да имам метал во носот, заболев преку ноќ, а потоа застанав во ред за тест“ – исповед на девојка (27) која победи короната

Реклама

Белграѓанката М.Ж. (27) која го победи коронавирусот открива детално со какви симптоми се борела, ден за ден, но и целиот процес околу тестирањето и лекувањето на оваа болест.

М.Ж. раскажува за своето искуство во текот на боледувањето и истакна колку симптомите биле неприајатни. Напомена дека никогаш не се чувстувала лошо како кога во себе го носела короанвирусот. Исто така рече дека ковид-19 воопшто не е наивен вирус, бидејќи болеста може да биде непредвидлива и наеднаш да создаде страв во моментот кога се чувствува нелагодно стегање во градите.

Маркетинг

– Сигурна сем дека се заразив истиот ден кога поминував време со своите другарки, бидејќи сите добивме исти симптоми, речиси истиот ден. Инкубацијата траеше од сабота до среда. Во вторникот, ден пред тоа, многу ме болеше глава и имав диареја, ништо друго не чувствував. Во средата наутро се разбудив со висока температура. Се разбудив болна. Чувствував пецкање во градите, кога сакав цигара да запалам не можев да земам здив. Ми пречеше климата, секоја промена на времето ми сметаше, не можев да дишам, ниту да станам кога паѓаше дожд, на пример. Кога ќе вдишев, имав чувство на метал во носот, никогаш не сум се чувствувала така, рече таа.
Девојката истакнува дека редовите пред ковид амбулантата бил голем и дека луѓето нервозно чекале и по неколку часа да извршат тестирање. Бидејќи и самата била очевидец, медицинските работници работат многу напорно, речиси без престан и ги пофали во оваа прилика, истакнувајќи дека е многу важно да се почитуваат медицинските работници, да бидеме сите одговорни и да не им ја отежнуваме работата која сама по себе е многу напорна.

Тестирање

– Се двоумев дали да одам на тестирање, и јавив до Здравствен дом и прашав каде точно треба да одам. Ме упатија во ковид амбуланта. Имаше многу луѓе кои чекаа на тест, редовите беа преголеми. Чекав вкупно пет часа за се да биде готово. Морам да истакнам дека медицинските работници работат по цел ден и без престан, немаат ниту минута пауза, за што секоја им чест. Малку беше страшно поради тоа што сите стоевме во ист ред, не знаевме кој меѓу нас е заразен, кој би можел да пренесе зараза, а всушност во тој момент и јас не знаев дали сум заразена и дали може некому да му пренесам корона. Резултатите ги чекав пет дена, лично им се јавував да ги прашам зошто тие немаат време да им се јавуваат на сите, бидејќи и самата се уверив колку работа имаат медицинарите сега, раскажува оваа белграѓанка.

Маркетинг

Лекување

Раскажа и како течеше нејзиното опоравување и како дошла до негативен резултат на тестот. Покажа на својот пример дека мора да водиме сметка и стриктно да се придржуваме кон она што лекарите ќе ни го препишат и препорачаат.

– Се лекував дома, а температурата ми помина за четири дена. Имав силна омалаксаност и почнав да го губам чувството за мирис и вкус. Не можев ништо да јадам, немав апетит. Се што ќе изедев, едноставно само „поминуваше низ мене“. Сите тие симптоми траеја околу десетина дена. Кога сакав да станам да одам до кујна или да ја средам низ дома, се уморував на два чекори. Почна да ме стега во градите. Се исплашив тогаш да не ми се спуштило на белите дробови. Отидов на детален преглед, направив рентген, извадив крв. Резултатите ги добив многу брзо. Отидов повторно со тие резултати во ковид амбулантата и тој извештај се покажа дека морам да одам на инфективна клиника. Одредена ми е изолација од 14 дена. Лекарот ми препиша парацетамол и витамини, меѓутоа јас пиев панадол кој во себе има бруфен, а на кој сум алергична, па состојбата – по моја грешка – малку ми се влоши. Следниот ден некако си дојдов на себе. После тие 14 дена, кога го направив тестот, се покажа негативен резултатот, за што речиси и бев сигурна дека ќе излезе така, зошто состојбата ми се подобри и не чувствував никакви тегоби, вели оваа белграѓанка.

Таа рече дека за среќа, засега не чувствува никакви последици после опоравувањето од короната. Меѓутоа, сметам дека може повторно да се разболиме од коронавирусот, зошто антителата траат само месец дена до два, како и кај стандардниот вирус.

Истакнува дека единствен страв меѓу луѓето со кои чекала во ред за тестирање бил тој да не добијат воспаление на белите дробови и да не завршат во болница. Како што вели, паника не владеела и не може да тврди дали меѓу луѓето и сега постои страв, но она што е сигурно – граѓаните се свесни колку вирусот напредувал и се свесни дека мора да имаат доза на самодисциплина за да може успешно да ја пребродиме здравствената криза во која се најдоа земјите од цел свет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button