Вирално

Чичолина во споредба со нашите политичари е ангел, иако некои детали од нејзиниот живот се уште пошокантни и од нејзините филмови

Advertisement

И нејзиниот живот, како и насловот на последниот документарец за неа „Чичолина, кума од скандали“, е полн со скандали, но и бројни мистерии

Advertisement

Таа е родена како Илона Шталер во Будимпешта. Нејзината мајка работела како бабица, а таткото ги напуштил додека била тинејџерка. Мајката подоцна ќе се омажи за функционер во унгарското министерство за внатрешни работи. Но нема да се задржат долго време во Унгарија, па ќе емигрираат со нејзината мајка во Југославија и беше на само чекор да стане југословенска Чичолина, но патот ја одведе во Италија.

Таму најпрво работи како модел. А потоа и на радио каде ќе ја води емисијата „Сакаш ли да спиеш со мене“. Со своите провокативни изјави предизвика шокови во италијанската јавност и прв пат почна да го користи своето уметничко име. Првиот еротски филм што го снимаше „La Liceale“ се случи во 1975 во кој ја глумеше лезбејката Моника.

Таа за сексот со партнерка изјави дека е мошне возбудлив, а потоа следуваа бројни филмови за возрасни во кои што ги проба сите можни „опции“.

Advertisement

https://www.instagram.com/p/BqkxC-LAqeL/

 

Нејзиното прво порнографско остварување се смета дека е „Il telefono rosso“ кој го снимаше во 1983. Претходно, во 1979 година, иконата на скандалите предизвика шок во Италија кога на емисијата „C’era due Volte“ ги покажа своите голи гради. Тоа беше прв пат некој да направи таков скандал во живо во историјата на италијанската телевизија.

https://www.instagram.com/p/BpuQ13BAx4k/

 

Таа и денес „фура“ провокативен имиџ, во минатото се фотографираше во најразлични Плејбој изданија, и со нејзиниот несекојдневен стил на живот денес важи за нешто повеќе од една легендарна порно дива.

https://www.instagram.com/p/BpoqvXphe8G/

 

Најинтригантните детали за неа се дека е политички шпион, а во 1987 година влегува во Италијанскиот парламент со освоени 20 илјади гласови како член на Радикалната партија. Нејзиното омилено средство за политички преговори отсекогаш беше сексот, па така во замена за мир на лидерот на Ирак, Садам Хусеин, му нудеше секс авантура со неа.

https://www.instagram.com/p/Bo1xyWjCVYe/

 

Нејзините политички амбиции беа сериозни, па така едно време беше дел и од партијата „Partito dell’Amore“ (Партијата на љубовта) која што ја предводеше нејзината пријателка и колешка, порно ѕвездата Моана Поци.

https://www.instagram.com/p/BoEXAboCtY_/

 

Беше омажена со американскиот вајар Џеф Кунс со кого го има синот Лудвиг Џуниор Кун кој е сликар.

Таа е приврзана многу со својот наследник, а блиска е и со неговата девојка. Чичолина денес се занимава со сликарство, а повремено настапува и во диско клубови.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button