Реклама
MAMAКафе муабетНега и здравје

Четири дена по породувањето се погледнав во огледало и вреснав: Погледнете што ми се случи на лицето, се срамам

Реклама
 Четири дена по породувањето, се разбудив утрото, се погледнав во огледало и заплакав.
Вака ја почнува својата приказна Гледис Ворден од Тексас која оддеднаш, четири дена по породувањето, забележала дека лицето и е деформирано.

– Усните ми беа обесени, јазикот отечен, а веѓите нерамни – вели Гледис, додавајќи дека поминала низ тежок период кој сега е зад неа.

-Ми беше тешко да се сликам, па потоа на фотографиите да ја гледам новата верзија од  себе. Ми беше срамота да им погледнам на луѓето во очи – вели оваа мајка.

За да ги оттргне мислите од својот изглед, отворила налог на Инстаграм посветен на модата, зошто тука фокусот не бил на нејзиното лице. Во меѓувреме, се борела со, како што ѝ рекле лекарите, Белова парализа.

Маркетинг

 

Маркетинг

ШТО Е БЕЛОВА ПАРАЛИЗА?

Фацијалис или Белова парализа е акутно заболување на седмиот фацијален нерв.

Симптомите настануваат акутно – веѓата е спуштена и болниот не може да го собере челото. Окото е отворено, долниот капак виси и при обидот да се затвори – јаболчниците одат нагоре и нанадвор (Белов феномен), солзите се прелеваат преку долниот очен капак. Усната е опуштена на болната страна, храната се собира меѓу образот и непцата, при покажувањето на забите, евидентна е слабоста на половината (медицински orbicularis orisa). Во зависност од локацијата на лезијата може да се јави чиста моторна слабост губење на сетилото на вкус на предните две третини од истата страна на јазикот и болна хиперакузија. Кај 7% од овие болни парализата може да се јави два или повеќе пати.

Оваа болест ги погодува сите старосни групи, но сепак, се јавува меѓу 15. и 40. година од животот. Здравствениот проблем всушност го предизвикува нарушување во комуникацијата меѓу мозокот и мускулите на лицето. Тогаш доаѓа до слабост или парализа така што лицето не може нормално да се смее или да го затвори окото. Беловата парализа секогаш зафаќа една страна од лицето поради што потсетува на мозочен удар. Меѓутоа, лекарите ширум светот се уште не ја знаат точната причина за овој проблем. Она што може да се нарече среќа во несреќа, е минливоста на овој, наизглед, непријатен проблем. Имено, симптомите на Белова парализа исчезнуваат по неколку недели или месеци и ретко ја мачат личноста цел живот, наведува клиниката Мејо.

Со Белова парализа, инаку се бореа и Анџелина Џоли, Џорџ Клуни и Пирс Броснан.

Гледис веќе вложи многу пари во разни третмани, но ништо целосно не и помогна. На крајот ѝ е препорачан ботокс и неврохируршки зафат за кој моментално собира пари.

Сега, вели својата љубов кон модата ја заменила со љубов кон фитнесот, го прифатила својот изглед но и натаму се обидува да најде начин да се врати на старата состојба.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button