Почина уште една пациентка заразена со коронавирус.
Нејзиното семесјтво било на гости во Дебар непосредно пред прогласување на кризната состојба и имало контакт со еден од таму заразените доктори.Жената е на 66-годишна возраст од Струга.
Позитивен на вирусот е и нејзиниот сопруг. Преку матичниот лекар пациентката закажала тестирање уште пред четири дена, но не била изолирана во болница. Минситерството ќе истражува дали има лекарски пропуст во случајот.
Изминатото деноноќие регистрирани се и 22 нови случаи на коронавиурс во земјава. Од новозаболените, деветмина се од Скопје, по тројца од Куманово и Струга, по двајца од Тетово, Прилеп и Дебар, како и еден од Битола.
НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО Македонија
Скопје – 9
Куманово – 3
Струга – 3
Тетово – 2
Прилеп – 2
Дебар – 2
Битола – 1
Со новите случаи, денеска до 12 часот, вкупната бројка на заболени во земјава изнесува 241, излечени се тројца, а 4 лица починале. По вчерашниот позитивен случај на заразен со коронавирус во Клиниката за кардиологија целиот персонал бил испратен на тестирање. Сите резултатите се негативни на ковид-19.
Мадрид и Лондон се соочуваат со потешки размери на епидемијата од новиот корона вирус отколку Ломбардија во Италија, а стапката на смртноста во овие два града се зголемува двојно на секои два дена.
Но според прогнозите, Њујорк би можел да ги премине сите во црната статистика.
Ломбардија во Италија го замени Вухан во Кина како најтешко погоден регион на светот со вкупно 6820 починати, но ако веруваме во стапката на смртност, Лондон и Мадрид би можеле да бидат следните големи жаришта.
Според најновите анализи бројот на смртни случаи покажува дека во некои градови брзо ги преминува просечните вредности дури и за цели држави во кои се наоѓаат. Па така на пример во Лондон бројот на починати од новиот корона вирус се зголемува двојно на секои два часа, што е за цел ден побрзо отколку во остатокот од Велика Британија.