Реклама
Наши ѕвезди

ЧЕСТИТКИ пристигнуваат од сите страни – македонската ГРАНД ЅВЕЗДА прослави годишнина од брак

Реклама

Со години наназад, „Ѕвездите на Гранд” е најгледаното музичко шоу на Балканот. Сите млади талентирани музичари кои поакуваат балканска кариера се пријавуваат за учество.

На оние кои најдобро ќе се покажат и оние кои ќе стигнат до финале им се доделуваат вредни награди, меѓу кои и снимање на сопствени песни.

Маркетинг

Емисијата се емитува на српската Пинк телевизија, а се пренесува и на регионалните канали ширум Балканот.

Маркетинг

И младите македонски пејачи се пријавуваат за учество, а мора да се признае дека многу од нив добија и голема популарност токму поради учеството во ова шоу, па со самото тоа и повеќе музички ангажмани.

ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм

Една од нив е и македонската пејачка Елена Миленковска, која по појавувањето на Гранд привлече големо внимание од македонската јавност, па медиумите не престануваат да пишуваат за неа.

Со својот уникатен стил може да застане рамо до рамо со светските ѕвезди.

ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм

Освен што кариерата ѝ тргна во нагорна линија, на Елена ѝ се посреќи и на љубовен план после Гранд. За време на снимањето се запозна со нејзиниот сегашен сопруг Гуте Маринковиќ. Двајцата беа под менторство на Ана Бекута.

ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм

Елена и Гуте по неколкумесечна врска, во февруари минатата година го кажаа судбоносното „да“. Она што беше интересно беше тоа што Гуте ја запроси Елена токму за нејзиниот 27 роденден, па наместо подарок, пејачката си доби веренички прстен.

ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм

Пејачката одлучи да го напушти музичкото шоу и им соопшти на своите фанови прекрасна вест, дека таа и Гуте го очекуваат своето прво дете. Еве што кажа кога дозна дека е бремена:

Оваа година тука се завршува мојот натпревар. Пред мене се денови кои засекогаш ќе ги памтам и силно верувам дека се е онака како што треба да биде. Среќна сум за се што доживувам и одвај чекам да се остварам во улога на мајка бидејќи сметам дека тоа е најдобриот дар. Следната година ќе се дружиме повторно во новата сезона со нови сили. Затоа очекувајте многу од мене и од мојот господин Гуте.

Ви благодарам за поддршката и толкавата љубов која постојано ми ја испраќате. Исто така, ви благодарам на сите мои фанови. Бескрајно сум ви благодарна. Ве сакам“, порача пејачката на Инстаграм.

ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм

Во март 2020 двајцата пејачи се остварија во улога на родители и го добија синот Максим.

„За својот 27 роденден посакав тортата со број 28 да не ја дувам сам. Универзумот ме послуша и покрај тоа што те испрати тебе Елена, ми прати и мало чудо кое има 300 грама. Многу сум среќен што во оваа 2020 ќе станам татко“, напиша тогаш гордиот татко.

ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм

Елена со нејзиното учество остави белег во музичкото шоу, но откако се породи таа потполно се посвети на мајчинството и ужива во нејзината нова улога која и донесе радост и нова енергија во нејзиниот дом.

„Ние жените сме некој посебен вид, еве признавам. Кога ќе се сетам само колку „кукав“ за долга коса. Потоа, останав бремена и косата почна да ми расте со брзината на светлината и беше убава и квалитетна.

За брзо време, се тоа се промени драги мои дами. Кога се породив, помина таа магија. Тогаш, преку ноќ добив идеја да ја скратам. И еве ме новата јас.

Како ви се допаѓа новата фризура? Јас сум воодушевена“, напиша Миленковска во описот на фотографија, а нејзините следбеници прокоментираа дека им се допаѓа нејзиниот нов изглед.

ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм

Освен со нова фризура, Елена може да се пофали и со одлична линија. Но, тоа не е случајно. Пејачката со своите фанови сподели дека одлучила да ја доведе линијата до совршенство и да почне да вежба.

ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм

Имено, таа на социјалните мрежи објави неколку фотографии на кои се гледа како тренира облечена спортски во боди и хеланки, а како што и самата напиша во описот на објавата, за неа физичката активност е една од најдобрите работи што можете да ги „направите за себе и за своето здравје по породувањето“.

ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм

Со новиот имиџ пејачката беше подготвена и за нови музички предизвици. Токму затоа одлучи да се врати во Гранд и уште еднаш да се обиде да го освои Балканот.

ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм

Деновиве музичкиот пар имаше уште една убава причина за славење. Со своите фанови споделија дека слават една година во брак.

Токму по тој повод, Елена со емотивна порака му се обрати на саканиот.

„Мојата поддршка, мојот пријател, мојот мир, мојата љубов. Секој ден со тебе е привилегија. Среќна нека ни е македонската годишнина. Ние сме од тие кои што имаат две годишнини. Па, какви сме среќници за се’, па и затоа“, напиша македонската пејачката во опис на фотографијата.

ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм
ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм
ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм
ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм
ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм
ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм
ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм
ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм
ФОТО: Елена Миленковска / Инстаграм

Поврзано

Back to top button