Честитки пристигаат од сите страни – Ирена Спасовска соопшти прекрасна вест!
Честитки се нижат во коментари.
Македонската фолкерка има убава причина а славење, а ја откри и својата најголема желба.
Ирена Спасовска повеќе од 3 децении е присутна на македонската музичка сцена, а постарите генерции ја паметат и по настапите на почетокот на нејзината кариера заедно со Адријана и Горан Алачки.
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спасовска
Нејзиниот приватен живот отсекогаш бил интригантен за македонската публика и постојано околу неа се вртат некои шпекулации.
Веќе неколку години успешно го држи својот приватен живот далеку од очите на јавноста и целосно е фокусирана на својата кариера.
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спасовска
Публиката ја обожава и токму затоа Ирена работи со полна пареа.
Редовно настапува и на нејзините свирки забавата е загарантирана.
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спасовска
Пејачката деновиве имаше убава причина за славење.
На социјалните мрежи сподели фотографија од себеси на која изгледа минимум деценија помладо и соопшти дека ѝ е роденден.
ФОТО: Фејсбук / Ирена Спасовска
„Денес ми е родениот ден. Животот ми е роман, а секоја страница моја неисполнета желба…сакам да остарам бидејќи секој ја нема таа привилегија. Страниците ќе ги испишам со мојот ракопис и мој печат“, напиша Ирена, а честитки веднаш почнаа да се нижат.