Честитки пристигаат од сите страни – Татјана Лазаревска сподели ПРЕКРАСНИ вести!

Македонската фолк ѕвезда и нејзиниот сопруг прославија годишнина од бракот во Австралија.

Пејачката Татјана Лазаревска (46) и нејзиниот сопруг, Новица Василевски (50), деновиве прославија 18 годишнина од бракот. Но наместо да одат на вечера во ресторан, популарниот пар одлучи да прослават во својот дом.
Татјана и јавно прекусвојот профил на социјалните мрежи објави дека јубилејот планираат да го прослават во пижами, во интимна атмосфера пред телевизорот и со пуканки, а како изгледаа погледнете во продолжение.

Инаку, Татјана во последно време редовно комуницира со своите фанови преку социјалните мрежи.

Таа важи за една од нашите пејачки која и покрај тоа што е во петтата деценија и има две возрасни деца, може да се пофали и со својата беспрекорна линија на која многу нејзини помлади колешки можат само да и завидуваат.
Впрочем тоа можеме да го забележиме и од нејзините фотографии на Инстаграм, а како што самата изјави во една пригода, линијата ја одржува со секојдневна домашна гимнастика (чистење и средување по куќа) како и периодично одење во теретана.

Да потсетиме, Татјана и Новица пред шест години се преселија во Мелбурн заедно со нивните деца, Петар и Стефан.

Тие бргу се снајдоа во оваа далечна земја, а и од нивните фотографии можеме да видиме дека добро им оди.

Тие во последно време полека им се враќаат и на настапите, а како изгледаат погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
