Реклама
Интервју

„Чекорам по патот за кој сонував“

Реклама

 

Гламур интервју со Лина Пејовска

Маркетинг

Русокосата Лина Пејовска е талентирана млада дама која со своите 17 години, веќе е препознатлива како лик кој има голем потенцијал што може да се соочи со светската музичка сцена. Милионските прегледи на нејзините видеа на Јутјуб, како и неколкуте песни кои се вистински хит во регионот, се само еден показател на нејзиното сериозно присуство на нашата музичка сцена.

Беше дел од Хрватските ѕвезди. Какво беше твоето искуство? И дали би им препорачала на младите таленти да се пријавуваат и да бидат дел од еден ваков тип на натпревар?

Бев дел од од хрватското шоу„ Ѕвезди летен хит “ и поминав еден ѕвезден пат, со хрватската публика и жирито со најголемите пејачи и композитиори од таа земја. Беа пријавени 2500 кандидати, а јас велгов во изборот од 60 за на крајот да влезам во топ 5. Задоволството е големо бидејќи секој пејач пее соло, а некои од нас имаа соработка и дуети на сцена со Петар Грашо и Нина Бадриќ. Меѓу нив бев и јас навистина ова шоу ми остави убав спомен и едно посебно место кај мене. Па затоа им препорачува на сите малди кои имаат талент да се пријвуваат на вакви натпревари кои кај нас за жал ги нема.

Маркетинг

Важиш за една од најследените млади пејачки на Инстаграм. Што мислиш од каде имаш повеќе фанови од Македонија или од соседството?

Од сите социјални мрежи најактивна сум на Истаграм, благодарна сум на сите што ме следат и ме опсипуваат со убави коментари. А, тоа од каде повеќе ме следат дали од Македонија или надвор, тоа не е важно.

Важно е дека се тие моја мотивација и поддршка за успех. Реални и полни со љубов. Ве сакaм сите.

Колку е тешко да се опстане под нашето музичко небо? Колку младите ѕвезди како тебе имаат можност да се докажат?

Дали е тешко? Што се однесува до мене се трудам многу да работам, досега сум задоволна, но морам да ги пофалам и пишаните и телевизиските медиуми кои секогаш ме пратат во чекор и информираат за се’ што работам.

Изгледаш модерно и тренди на сите твои настапи, а и на фотографиите што ги споделуваш на социјалните мрежи. Кој се грижи за твојот изглед?

Се трудам и сакам да изгледам како што треба, а за така да биде секогаш се тука Фешан груп, Диоптра, MUA Бобан Тодоровски и нормално мојата мајка која ги склопува сите прчиња во целина. Сметам дека една јавна личност која се занимва со оваа професија секогаш треба да изгледа тип-топ.

Откако стана популарна се смени ли односот на наставниците како и на твоите другари?

Односот на професорите и сооучениците секогаш бил ученик-професор, но морам да кажам дека целиот наствен кадар има разбирање за моето отсуство, а со моите пријатели секогаш сум била иста и предходно и сега и никогаш не би го сменила тоа.

Кој е тимот со кој сорабутуваш и со кој за кусо време постигнавте огромна гледаност на YouTube?

Да така е! Зад секој успех стои добар тим. Зад мојот успех сои и ќе стои Дарко Димитров. Тој е човекот во кого верувам. Околу текстовите и песните тука се Елена Ристеска и Огнен Неделковски.

Подготви: Берта Мартиноска

Поврзано

Back to top button