Коса
Чај за брзо растење на косата: Се прави од коприва и уште две билки – спас е за тенка и ретка коса што опаѓа
Доколку имате тенка и ретка коса, како и проблем со опаѓање, овој чај за нега на коса може да ви помогне. Станува збор за спреј за коса кој можете сами да го направите од само 3 растенија, а главна ѕвезда е копривата - растение кое со векови се користи за нега на коса.
Реклама
Во тенџере истурете четири чаши дестилирана вода, ставете да се вари на средна температура. Кога ќе зоврие додадете две лажици каранфилче и две лажици суви коприви. Намалете ја топлината на минимум и оставете да се готви околу 20 минути.
Добиениот чај процедете го и додека е уште топол, истурете во него една лажица рузмарин, па оставете го да отстои преку ноќ. Повторно процедете и истурете во шише со спреј, а потоа добиениот спреј испрскајте ја на косата по миењето и добро втријте го во скалпот, пишува Mondo.rs.
Зошто овие 3 растенија? Каранфилчето ја стимулира циркулацијата на скалпот, го стимулира растот на косата и ја прави посилна. Копривата го намалува опаѓањето на косата, го стимулира растот на нови влакна. Оваа билка содржи силициум и сулфур кои ја прават косата посјајна и поздрава. Рузмаринот е растение кое особено се препорачува за луѓе со тенка и ретка коса, бидејќи го поттикнува и растот.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .