Цифра од која боли глава: еве колку ќе заработи Гоца глумејќи ги Кардашијанките – Жељко го одврза кесето за својата колешка!
Познатата пејачка вели дека е домаќинка и дека нема никаква врска со Ким Кардашијан
Пејачката Гоца Тржан и нејзиниот 14 години помлад сопруг Радомир Раша Новаковиќ убаво ќе заработат од новото ријалити на К1 телевизија. Тие наводно за проектот „Мојот совршен брак“ земале 120.000 евра.
Познатата пејачка реши да се претстави пред публиката во малку поразлично светло преки новиот проект.
Во прашање е ријалити преку кој гледачите ќе можат да видат како живее една ѕвезда, без филтри, онака реално и искрено.
Таа се согласи 24 часа да биде следена од камерите, заедно со нејзиниот сопруг, како и дружбата со нејзината наследничка.
Ќе има епизоди од нашиот живот, од нашата куќа, со нашата ќерка, пријателите, родителите. Тоа не е серија, тоа е нашиот живот, изјави Гоца неодамна за медиумите и додаде дека на ваков чекор се одлучи заради љубопитност, за да се претстави пред публиката во еден поинаков формат.
Цифра од која боли глава
Како што пренесуваат српските медиуми, таа и нејзиното момче за ова ќе бидат платени 120.000 евра за година дена.
Таа најпрво барала 150.000, но во преговорите со Жељко Јоксимовиќ, сопственикот на телевизијата на која ќе се емитуваат емисиите, сумата е намалена за 30.000. Продуцентите се надеваат дека овој шоу програм ќе биде гледан, посебно што Гоца е позната како некој без влакна на јазикот, па многумина би сакале да бидат сведоци на тоа како тече нејзиниот совршен брак.
Инаку, Гоца не сакаше да ја открие сумата која што ќе ја добие од Јоксимовиќ, туку за медиумите само искоментира.
Лага. Земав милион евра, изјави во шега пејачката.
Многумина овој проект го споредуваат со шоуто на семејството Кардашијан, а пејачката во врска со тоа изјави:
„Иако емисијата може да се нарече ријалити, ние не сме семејството Кардашијан, бидејќи тие не одат на пазар, не прават ручек. Тие се милионери, не размислуваат што ќе прават за ручек и како ќе ја спремат куќата. А јас немам послуга, работам како и секоја просечна домаќинка. Ништо не ми е тешко и знам се да правам. Ќе биде интересно луѓето да видат колку всушност не ме познаваат“, изјави популарната пејачка неодамна за српскиот „Курир“.
Нема да има екcпли*итни cцени
Пејачката имаше само еден услов пред да почне снимањето на емисиите, а тоа е дека публиката нема да може да види што се случува под чаршавите во брачниот кревет. Како што вели таа, гледачите ќе можат да видат некои од нивните расправии од спалната соба, но ништо повеќе.