Цецо, блескаш заради фризурата, но и заради момчето – фановите ВООДУШЕВЕНИ од новиот имиџ на познатата пејачка
Обожавателите се воодушевени од новата фризура на Цеца
Познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ ги воодушеви своите обожаватели со новата промена на својот имиџ. И ако судиме според коментарите, оваа промена на популарната фолк дива и стои повеќе од одлично.
Ражнатовиќ на својот профил на социјалните мрежи сподели неколку моменти од автомобилот и ја покажа новата фризура. Имено, таа ја надогради со екстензии и сега има долга и права коса со која изгледа минимум 10 години помладо.
Покрај новата фризура, фановите можеа да забележат и дека пејачката е видно расположена. Таа цело време не ја тргаше широката насмевка од своето лице, но многумина се сомневаат дека тоа не е заради новата фризура туку заради розите што и цветат во љубовниот живот со Богдан.
Инаку, ова не и е прв пат на познатата пејачка да ги изненади своите обожаватели кога е нејзината фризура во прашање
Ражнатовиќ често експериментира со својата коса, како со долината, така и со нијансите, а и не беше секогаш бринета.
Имено, покрај познатата трансформација во русокоса за која и денес се зборува, таа едно време беше и црвенокоса. Во прашање е едно од нејзините најинтересни изданија што таа го „фураше“ пред скоро три децении.
Имено, на Твитер деновиве беше актуелно видео направено во 1995 година на кое што пејачката има долга црвена коса. Таа во една емисија настапи со една своја песна облечена во тесен фустан во кој изгледаше како фатална жена.
Погледнете го и ова нејзино издание…
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб